Ви благодарам на поканата да бидам дел од овој панел. Ова за мене е прв пратенички мандат, и во однос на францускиот предлог од страна на Европската унија работите беа доста расплинети, се дискутираше, се дебатираше во парламентот, се говореше се и сешто, за жал, и по етничка припадност, и во однос на политичката припадност, но добро е што сето тоа го пребродивме, и сега на некој начин одиме понатака, вели пратеничката Љатифе Шиковска на панелот на ЦИВИЛ „Етничкиот говор на омраза на собраниската говорница“.
Колку и да е сензитивно прашањето за францускиот предлог и почнување на пристапните преговори со Европската унија, сепак, мислам дека, барем според мене, донесовме исправна одлука, а сето останато, во однос на говор на омраза, етикетирање, омаловажување и разни други навреди беа упатени кон нас како пратеници, на етничка основа, сето тоа, на некој начин ќе се обидеме да го заборавиме, иако тоа е навистина тешко, вели Шиковска.
Во однос на справувањето со говорот на омраза од страна на пратениците во собранието, и евентуално започнување иницијатива за постапување по оваа деструктивна и загрижувачка појава што се забележува во говорите на одредени пратеници, Шиковска посочи дека сите пратеници го потпишале Етичкиот кодекс, и дека треба да се однесуваат според тоа.
Д.Т.
Камера: Биљана Јордановска
Монтажа: Ариан Мехмети