„Ако сме барем малку одговорни, ние во локалната самоуправа немаме право да стравуваме од обврските за пописот, бидејќи тие податоци се основа за креирање политики на локално ниво“, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на панелот на ЦИВИЛ „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“
Тој нагласува дека податоците од пописот се неопходни за планирање на добра инфраструктура, за одржлив сообраќај, број на домаќинства, проценка каде е потребно да се вложува во инфраструктура… Шилегов објасни дека локалната самоуправа ќе даде административна поддршка на пописот, односно ќе му биде помош на Државниот завод за статистика.
„Колку побрзо го завршиме тоа, толку подобро. Не случајно овој период се одбира, се смета дека е најповолен период. Тоа е стандард секаде во светот. Обидите за политикантство, апели за некакви бојнкоти не се ништо друго туку опбид за деструкција на процесите кои мораме даги направиме како држава“, смета Шилегов, кој апелира граѓаните масовно да се одзват на пописот.