Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска најави дека министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и Украина ќе имаат нова средба во декември.
„Украина и ЕУ ќе го одржат следниот состанок на Советот за асоцијација со Украина во декември оваа година. Ова беше договорено со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел“, напиша Шмигал на Фејсбук.
На форумот ќе се разговара за интеграцијата на Украина во ЕУ, како и за европскиот инструмент за помош на земјата, кој изнесува 50 милијарди евра.
„Приклучувањето во ЕУ е наша приоритетна цел и работиме заедно, координирани и упорно за тоа да се случи што е можно поскоро“, нагласи Шмигал.