• Latest
Фотографија: Платформа Х

Шок бомби и интервенција на полицијата на комеморативната прошетка во Нови Сад за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица

September 2, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Шок бомби и интервенција на полицијата на комеморативната прошетка во Нови Сад за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица

September 2, 2025 09:24
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фотографија: Платформа Х

Фотографија: Платформа Х

Share on FacebookShare on Twitter

Без инциденти доцна синоќа во Белград заврши комеморативната прошетка на десетици илјади демонстранти кои одбележаа 10 месеци од загинувањето на 16 луѓе откако се урна реновираната бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Демонстрантите се собраа на повик на средношколците во државата – повод за тој протест, што се одржа во градови во Србија, е десет месеци од падот на настрешницата на железничката станица, несреќа што доведе до масовни протести низ државата и блокади на високообразовни институции.

Средношколците носеа транспарент „Средношколците се сеќаваат“ и беше емитуван говор во кој тие потсетија на се што се случило во изминатите 10 месеци.

„Ќе продолжиме да стоиме исправено и доследно затоа што знаеме дека нашата борба е чиста и неопходна…ова е борба за нормален живот и иднината на сите нас…Полагаме бела роза, бидејќи образованието, културата и културно-историското наследство умираат, судството и правдата, слободните медиуми и вистината умираат. Полагаме бела роза, бидејќи луѓе се убиени“, беше наведено на протестот.

Обезбедувањето спречи инциденти бидејќи дел од колоната беше во близина на улицата и Пионирски парк во центарот на градот, каде што се наоѓаат шаторите на поддржувачите на властите. Во тој дел беа распоредени и припадници на жандармеријата.

Протести до доцна синоќа беа одржани и во Нови Сад, Алексинац,Вршац, Панчево, Суботица, Крагуевац, Ваљево, Чачак, Ниш…

Во Нови Сад доцна синоќа откако заврши протестот интервенираше полицијата.
Според нив – тие „реагирале навремено и професионално кон поголема група од околу 280 лица кои, по ненајавена прошетка низ улиците на Нови Сад, намерно се собрале пред главниот влез на Факултетот за спорт и физичко образование со намера насилно да влезат во просториите на факултетот“. Полицијата соопшти дека еден полицаец е повреден откако кон нив било фрлано со разни предмети и дека три лица се приведени.

Во видеа објавени на социјални мрежи, како и според извештаи на новинари и сведоците, како што јавија српски медиуми –  се случило токму спротивното, полицијата фрлала шок бомби кон граѓаните, а потоа почнала да растерува луѓе низ околните улици.

Непосредно пред полноќ, имаше извештаи дека полицијата применува сила врз граѓани и студенти без очигледна причина, и дека универзитетскиот кампус бил опкружен од бројни припадници на полицијата и жандармеријата.

Илјадници жители на Нови Сад мирно им оддадоа синоќа почит на жртвите од трагедијата.

Сите факултети во Нови Сад го осудија однесувањето на полицијата и „неразумната и непотребна употреба на сила“ во објави на Х. Медицински факултет објави: „Ударите во глава со палки нема да не натераат да заборавиме колку ви се крвави рацете!“ Затоа Нови Сад ги боли, затоа нас не мразат“, напишаа студентите.

Студентите на Факултетот за електроника напишаа, заедно со видеа од полициско насилство, „Полицијата од ДИФ на Нови Сад буквално почна да ги брка луѓето низ градот. Без причина. Целта е страв и

Студентите на Техничкиот факултет во Нови Сад напишаа: „Вечерва, на 10 месеци од падот на настрешницата, откако граѓаните мирно оддадоа почит и се вратија во своите домови, жандармеријата без никаква причина ги нападна луѓето во близина на кампусот. Луѓето што шетаа по улиците беа нападнати со палки, многумина беа повредени и завршија во Ургентниот центар. Ова не е инцидент, ова е намерно измислено полициско насилство, оркестрирано токму на овој ден, како порака дека државата не простува сеќавање, достоинство или слобода“, беше објавено на Х.  ништо друго“.

Протестите во август, кои избувнаа со обновена сила, резултираа со судири меѓу демонстрантите и полицијата, како и со апсење на демонстранти. Во мај оваа година, демонстрантите покренаа барање за предвремени парламентарни избори, но ултиматумот беше одбиен.

Уривањето на бетонската настрешница предизвика масовни протести низ цела Србија, по што следеа блокади на државните универзитети низ целата земја. Судската постапка се уште не е започната, а истрагата на обвинителството е запрена поради барањето на еден од осомничените, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, за изземање на главните обвинители во обвинителствата во Нови Сад, како и државната обвинителка Загорка Доловац.

Обвинителството за организиран криминал на 1 август објави дека шест лица се уапсени во врска со истрагата за финансиските текови поврзани со проектот „Модернизација и реконструкција на унгарско-српската железница на релацијата Нови Сад-Суботица – државна граница (Келебија)“.

Меѓу уапсените се и Томислав Момировиќ, поранешен министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура во периодот од октомври 2020 до октомври 2022 година, и Анита Димоски, поранешна вршител на должноста помошник-министер во тоа министерство и раководител на Секторот за железници и интермодален транспорт во периодот од ноември 2020 година, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ