• Latest

Шоле: Со македонскиот државен врв разговаравме за НАТО, ЕУ и заземање цврст став против корупцијата

December 15, 2022
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Шоле: Со македонскиот државен врв разговаравме за НАТО, ЕУ и заземање цврст став против корупцијата

December 15, 2022 08:58
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Партнерството во НАТО, претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ, напредокот во евроинтеграцијата, заземање цврст став за корупцијата и состојбата во регионот, биле теми на телефонските разговари што ги имал советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски.

– Одлична можност да разговараме со претседателот Пендаровски за нашето силно партнерство во НАТО, претстојното лидерство на Северна Македонија со ОБСЕ, напредокот во пристапот во ЕУ, заземање цврст став за корупцијата и соработка да се донесе дополнителна стабилност и можност за Западен Балкан“, напиша Шоле на неговиот Твитер профил.

Со Ковачевски, пак, како што наведува, имале продуктивен разговор за енергијата, борбата против корупцијата, и други клучни прашања. „Му се заблагодарив за важниот придонес на Северна Македонија во НАТО и за правењето тешки избори потребни да се остане на патот кон евроатлантската интеграција“, пишува Шоле.

Советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, требаше вчера, како што првично беше најавено од Стејт депратментот, да дојде во Скопје, но поради позитивен ковид-тест, ја одложи посетата по Нова година.

Шоле во земјава требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.

– Жалам што ќе треба да го одложам моето патување на Балканот и во Брисел поради позитивен ковид тест. Ќе останам ангажиран за сите овие прашања во балканскиот регион и со нетрпение очекувам да го направам ова патување на почетокот на следната година, објави Шоле на Твитер.

Освен Северна Макеоднија, во програмата на Шоле беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија. Целта на посетите, како што информираа од Стејт департментот, е да се нагласи трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот.

Tags: КовачевскиПендаровскиШоле
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ