Кирстен Шонефелд, директорка на ФЕС, Србија и Црна Гора, на на меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“, во организација на СДА Македонија, ја нагласи важноста на сеќавањето и одговорноста за Сребреница, особено во рамките на српското општество.
Повлекувајќи паралели со историски и современи форми на негирање и национализам, Шонефелд ја истакна трајната важност на човековите права, регионалната соработка и улогата на граѓанското општество во соочувањето со минатото.
„Верувам дека српските институции и српското општество треба да направат многу повеќе за да се соочат со војните од 90-тите години, со нивната улога во тие војни, како и соодветно да се потсетат и да го признаат геноцидот во Сребреница. Сите иницијативи од граѓанското општество во Србија оваа година што се фокусираат на сеќавањето на геноцидот во Сребреница се од големо значење — не само како политички симбол, туку особено за жртвите, нивните семејства и нивните потомци“, изјави Шонефелд.
Б. Ј.