МИМОЗА РИСТОВА
Во првостепената пресуда за Таргет-Тврдина има листа од околу 200 оштетени граѓани што мафијашот Мијалков ги прислушувал. Некои се новинари кои имаат поднесено во граѓански постапки отштетни побарувања од 10.000 – 80.000 ЕВРА, во зависност дали штетата се заснова само на нарушено право на приватност или и за дополнително нарушено физичко и ментално здравје и намалена деловна способност. Но, постојат и незанемарлив број оштетени бизнисмени на кои заради прислушувањето бизнисот им претрпел милионски штети.
Да претпоставиме дека во просек секој од оштетените од државата ќе побарува по 50.000 ЕВРА ќе стигнеме до вкупен износ на отштетно побарување од 10 милиони ЕВРА, без судските трошоци на постапката и адвокатските трошоци, кои можат да достигнат и до 2 милиони евра. Тука треба да се додаде и вредноста за уништената опрема со која биле следени граѓаните, која исто така може да се процени на милионски износ. КОНЕЧНО, гаранцијата од 11 милиони ЕВРА не е доволна да ги покрие овие штети (повисоки од 13 милиони евра) кои ќе ги претрпи буџетот на Македонија.
МИСЛАМ ДЕКА потребно е да се поведе истрага за евентуална корупција за СУДИИТЕ ОД АПЕЛАЦИЈА, особено за оној којшто болен се дом’кнал да гласа за ослободување на тоа гнасната багра од Мариот.