И додека уште трае незивесноста во Собранието, граѓанките и граѓаните им испратија свои пораки на пратениците. Ги прашавме што ќе им порачат на пратениците што денеска дискутираат за предлогот на Владата за уставни промени.
„Да гласаат „за“… Мое мислење е одиме напред и за млади и за стари. Треба да се оди во Европа“, изјави еден граѓанин.
„Јас мислам дека имаат за што да мислат“, „Да ја остават Македонија на мира“, „Да гласаат против“, „Конечно да одлучат, да прекине оваа неизвесност“, беа пораките на граѓаните.
„Нека им даде овој Американецот по 10.000 евра… малку им се нека кренат рака за 100.000 евра, тоа за него не е ништо. Нека кренат два прста и готово., нека сврши работа. Крај. Од Македонија нема ништо со вакви политичари, неписмени. Од нив што можеш да очекуваш? Само катастрофа“, објасни еден граѓанин.
„Што да им порачам на пратениците, на глава ни се качија. Крај нема ова“, револтирано се изјасни соговорникот на ЦИВИЛ Медиа.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Буњамин Камбери
Фотографија: Биљана Јордановска