• Latest
Фото: Скриншот

Што се крие зад цврстата поддршка на Ердоган за Хамас?

January 9, 2024
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Што се крие зад цврстата поддршка на Ердоган за Хамас?

January 9, 2024 10:49
in АНАЛИЗИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

На првиот ден од годинава, десетици илјади Турци излегоа на улиците на Истанбул, мавтајќи со турски и палестински знамиња извикувајќи „ Израел убиец, излези од Палестина“и „Алаху акбар“(Господ е голем). Митингот, како што пренесува France24, беше организиран од фондацијата во која членува Билал Ердоган, синот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, и тоа не беше прв масовен пропалестински митинг во Турција од почетокот на војната меѓу Израел и Газа на 7 октомври.

Масовниот протест во понеделникот, како што пренесува Би-Би-Си, следеше по запаливите изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Предходно, неодмерените и потпалувачки изјави на Ердоган доведоа и до зголемена појава на антисемистските испади во Турција, вклучително и во претежно космополитскиот Истанбул.

Откако тој првпат дојде на власт пред повеќе од 20 години, Турција е жесток поддржувач на Палестинците, вклучувајќи го и Хамас.

Но, дури и според стандардите на Ердоган, овој пат реториката беше екстремна. Она што израелскиот премиер го прави во Газа, рече тој, „не е ништо помалку од она што го направи Хитлер“.

Со не помалку остар тон возврати израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху:

„Ердоган, кој врши геноцид врз Курдите, кој држи светски рекорд за затворање новинари кои се противат на неговото владеење, е последниот човек што може да ни проповеда морал“.

Ердоган во минатото направи споредби на Израел со нацистичка Германија, но сегашната војна на зборовите го стави во остриот фокус колку што станаа горчливите турско-израелски односи, само неколку месеци по значителен напредок.

Во последните потези насочени против Израел, Турција во вторникот објави дека привела 33 лица осомничени дека работеле за израелската разузнавачка служба Мосад во рации во осум провинции.

Операцијата, спроведена со турската разузнавачка агенција МИТ, следеше по извештаите дека Израел има намера да ги лови членовите на Хамас во странство, вклучително и во Турција.

Според израелската безбедносна служба Шин Бет, Турција често пати е домаќин на високи претставници на Хамас, вклучително и Салех ал-Арури,  шефот на Хамас Исмаил Ханије и поранешниот шеф Калед Мешал, и според нив,  Хамас воспоставил командно место во Турција. кои ги користи за регрутирање оперативци и надгледување на операциите на Блискиот Исток. Огранокот на Хамас во Турција, наводно, носи одлуки без да го земе предвид движењето како целина и без да го вклучи раководството на Хамас. Хамас наводно планирал напади против Израел од Турција, вклучително и киднапирање и убиство на тројца израелски тинејџери во 2014 година. Во 2020 година, израелски дипломати ја обвинија Турција за доставување пасоши и лични карти на членовите на Хамас во Истанбул.

Кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври, Ердоган употреби релативно одмерен јазик, повикувајќи ги двете страни да останат смирени. Но, како што се интензивираше воениот одговор на Израел, неговата реторика стануваше сè пожестока, нарекувајќи го Хамас „борци за слобода“, а акциите на Израел „геноцид“.

Турција ја засили поддршката за Газа од 7 октомври, на пример носејќи десетици пациенти од Газа во Турција на лекување. Самиот турски министер за здравство ги придружуваше жртвите на пат од Египет.

Ова непријателство кон Израел игра со базата за поддршка на претседателот Ердоган во Турција, вели Хелин Сари Ертем, вонреден професор по меѓународни односи на Универзитетот Медениет во Истанбул.

„Палестина долго време е причина за Турција и турскиот народ, покривајќи ги речиси сите политички тенденции“, вели таа. „Следствено, не е возможно турските влади да го сметаат палестинско-израелскиот конфликт само како надворешнополитичко прашање; бидејќи тој дефинитивно ја менува играта во внатрешната политика“.

Затоплување на односите со Хамас

Во втората половина на 20 век, Израел и Турција уживаа блиски економски и стратешки односи. Турција, исто така, беше првата земја во регионот што официјално го призна Израел по неговото основање.

Но, не помина долго време откако Реџеп Таип Ердоган дојде на функцијата во 2002 година, односите со Израел се влошија додека оние со Хамас се подобрија. Во 2006 година, тогашниот лидер на Хамас Калед Мешал ја посети Турција по покана од Ердоган. Хамас дотогаш беше прогласен за терористичка група од Израел, САД и ЕУ, меѓу другите.

Првата дипломатска криза меѓу Израел и Турција се одигра пред светската публика кога во 2009 година, Ердоган излета од состанокот за време на Светскиот економски форум во Давос по судирот со тогашниот израелски претседател Шимон Перес поради израелските воздушни напади во Газа.

Турскиот лидер вети дека никогаш нема да се врати во Давос – и оттогаш не се вратил.

Но, само една година подоцна тензиите достигнаа точка кога бродот „Мави Мармара“ отплови од Истанбул до Газа, водејќи флотила чамци со волонтери и хуманитарна помош за да ја оспори израелската поморска блокада на Појасот Газа.

Кога Мави Мармара одби да запре, израелските командоси извршија рација во меѓународните води и 10 турски државјани на бродот беа убиени во судирите што следеа. Инцидентот доведе Турција да ги прекине дипломатските односи со Израел на неколку години.

Според Сари Ертем, оддалечувањето на Турција од Израел и кон Палестинците се должи на конзервативната и происламска основа на партијата АКП на Ердоган.

Иако поддршката на Ердоган за Палестинците е искрена, таа вели дека имала за цел да ги смири конзервативно-националистичките политички групи, кои не видоа доволна реакција од АКП во првите денови од војната.

Шефот на главната опозициска Републиканска народна партија во Турција, Озгур Озел, ја повика меѓународната заедница да дејствува за Газа, а лидерот на втората по големина опозициска партија, Мерал Акшенер, го нарече израелскиот премиер – „терорист“.

Сепак, оваа поддршка за Хамас имаше цена за Турција.

Нарушените односи на Турција со Израел беа обновени дури минатата година, а потоа, неколку месеци откако двете земји повторно ги именуваа своите амбасадори, избувна војната. Турција го отповика својот амбасадор, а пратеникот на Израел се врати поради безбедносни грижи.

Џорџо Кафиеро, извршен директор на Gulf State Analytics, консултантска компанија за геополитички ризик со седиште во Вашингтон, вели дека претседателот Ердоган веројатно нема да го промени патот.

„Тој има свои домашни поддржувачи и гласачи и не може да го игнорира таквиот притисок што доаѓа од Турција и неговата база“, тврди Кафиеро.

Тој, исто така, вели дека претседателот не може да ја игнорира неговата желба да се смета за силен муслимански лидер.

„Ердоган е почитуван шеф на држава низ поширокиот исламски свет, а има и регионални и меѓународни поддржувачи.

И покрај прекинот на односите меѓу двете земји, Сари Ертем верува дека тоа нема да биде премногу штетно.

„Анти-израелскиот дискурс, кој станува многу видлив, особено во моменти на сериозни цивилни жртви предизвикани од Израел на палестинската страна, ретко го нарушува традиционалниот турски пристап за надворешна политика, кој фаворизира чин на балансирање“, вели таа. Отсекогаш ги продолжуваше своите односи со Израел барем економски, ако не и политички. Турско-израелските односи се покажаа како доста еластични и покрај сите подеми и падови за време на историјата“.

Драган Мишев

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕрдоганИзраелтурцијаХамас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ