Така ја разбрав работата: Градоначалничката го поддржува и, дури, поттикнува штрајкот на возачите во ЈСП, пишува Александар Шекерински на својот Фејсбук профил.
Во нормален свет, кога одговорно лице, не е во состојба да ги исполни одговорностите според надлежноста, си поднесува оставка.
Пред тоа, прави обиди да ја разреши ситуацијата.
Ако е за пари, кои треба да ги добијат оние кои си ги заработиле, бара начини да ги обезбеди.
Ако, некој, има долг кон институцијата на одговорното лице, паралелно со обезбедувањето извор за пари, поднесува соодветно барање преку надлежен суд.
Кога ќе се реши, судски, никој не може да каже, но, пари за оние кои си ги заработиле, мора да најде.
А, не да ги подложи на револтот на граѓаните, оние кои и без оваа блокада тешко се пробиваат низ градските улици.
Фејсбук статус на Александар Шекерински.