• Latest
Фото: Архива

Шумер: Израел мора да направи „значајни корекции на курсот“ за да постигне мир со Палестинците

March 14, 2024
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Шумер: Израел мора да направи „значајни корекции на курсот“ за да постигне мир со Палестинците

March 14, 2024 19:04
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Архива

Фото: Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Израел мора да направи „значајни корекции на курсот“ за да постигне мир со Палестинците, изјави денеска лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер.

-По пет месеци страдање на двете страни од овој конфликт, нашето размислување мора итно да се сврти кон тоа како можеме да постигнеме траен мир и да обезбедиме просперитет и безбедност и на еврејскиот и на палестинскиот народ на Блискиот Исток. Верувам дека за да се постигне тој траен мир, Израел мора да направи некои значајни корекции на курсот, рече демократот од Сенатот за решението со две држави за Израел и Палестина.

Тој повика да се направи се што е можно во текот на преговорите за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Шумер изјави дека она што го направи Хамас на 7 октомври минатата година е незамисливо брутално, додавајќи дека повеќе од 130 заложници се уште се држат во Газа.

Тој исто така изјави дека е грешка што Израел го отфрли решението за две држави.

-Како цврст бранител на Израел, денес се кревам да кажам недвосмислено дека ова е тешка грешка за Израел, за Палестинците, за регионот и за светот. Единственото реално и одржливо решение за овој повеќедецениски конфликт е две држави, демилитаризирана палестинска држава, која живее рамо до рамо со Израел во еднакви мерки на мир, безбедност, просперитет, достоинство и меѓусебно признавање, рече тој.

Тој додаде дека реалноста е дека работите мора да се променат за да се постигне решение за две држави.

Според него, на тој пат има четири главни пречки и тоа: „Хамас и Палестинците кои ги поддржуваат и толерираат нивните зли начини, радикалните десничарски Израелци во владата и општеството, претседателот на палестинската управа Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“.

Tags: ИзраелПалестинаСАДСенатЧак Шумер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ