Руски војници застрелаа двајца невооружени цивили додека се оддалечија по средба во предградието на главниот град на Украина Киев, објави Си-Ен-Ен.
Си-Ен-Ен доби видеоод надзорни камери од она што сега се истражува како воено злосторство од страна на украинските обвинители.
Двајцата цивили загинаа по бездушното пукање што е спротивно на таканаречените правила на војната кои го забрануваат пукањето во цивили. Си-Ен-Ен ги идентификуваше жртвите. Едниот бил сопственик на ограбениот салон за возила, чие семејство не сака да биде именувано. Другиот бил Леонид Олексијович Пљац, 68-годишен дедо кој работел како чувар таму.
Неговата ќерка Јулија не може да поднесе да го гледа видеото од денот на смртта на нејзиниот татко, но го зачувала за еден ден да им покаже на децата, за да не заборават какви дивјаци биле напаѓачите.
„Тие се џелати“, изјави таа за Си-Ен-Ен. „Грозно е затоа што татко ми беше цивил, тој имаше 68 години, мирен невооружен човек.
Убиството е фатено од повеќе агли. Сликите од безбедносните камери го доловуваат првичниот руски обид за заземање на Киев во март. На главниот пат кон главниот град, борбите беа жестоки додека украинските сили се бореа со руските војници и тенкови за да го запрат напредувањето.
Но, она што се случи надвор од автосалонот на 16 март не беше битка меѓу војници дури ни меѓу војници и вооружени цивили.
Видеото е потврдено од CNN. Составен е од голем број камери околу имотот и, иако нема звук, неговите слики се јасни. Тоа беше кукавичко, ладнокрвно убиство на двајца невооружени мажи.
Пет руски војници пристигнуваат и се обидуваат да упаднат во деловните објекти, пукајќи во бравиte и кршејќи стакло.
Додека сопственикот се приближува со кренати раце, тие го запираат и го претресуваат барајќи оружје. Пљац потоа пристигнува и исто така е запрен. Се чини дека има некој разговор пред војниците да се оттргнат и двајцата цивили да почнат да се враќаат назад до нивната стражарска позиција.
Потоа најмалку двајца војници доаѓаат зад мажите и отвораат оган, по што двајцата цивили паѓаат на земја.
Си-Ен-Ен побара коментар од руското Министерство за одбрана, но нема одговор.
Највисокиот украински обвинител вели дека инцидентот се истражува како воено злосторство откако го погледна видеото до кое дојде Си-Ен-Ен.
Покрај убиството, видеото покажува уште многу непрофесионално однесување на групата од пет војници, идентификувани како членови на напаѓачките сили со нивните униформи, анализа за тоа кој контролирал која област во тоа време и изјави на сведоци.
Подготви: Д.Мишев