„Мора да имаме уставен патриотизам. Мора да ги почитуваме основните одредби на Уставот, а особено Преамбулата тоа е едно мало текстче што му претходи на Уставот, ама тоа е филозофијата на Уставот, тоа е македонската уставно правна меморија“, рече на митингот во Гевгелија кандидатка за претседател на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова.
Таа додаде дека сите уставни измени или најголемиот дел од уставните измени до сега не се направени заради Македонија како функцинална и демократска држава, бидејќи има многу проблематични решенија во Уставот, што треба да се изменат.
Праша дали таков однос имаат тие кон оние од Илинден или оние од АСНОМ. Не го гледам, вели таа посочувајќи дека „не само што ги заборавија, туку ги негираа“.
Н. А.