„Европската Унија е супериорна со почитување на европските вредности и принципи. Нам ни треба нешто, а тоа е уставен патриотизам. Тоа не значи да се колнете во Уставот и не значи и дека треба постојано да го менувате, туку дека треба да ги браните принципите и вредностите на Уставот“, рече од Прилеп претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
Процесот на интеграција, како што кажа, треба да се конкретизира, а тоа значи европски живот на македонска почва, европски стандарди на македонска почва, а не само заложби ЕУ и НАТО, проевропјани, антиевропјани. Анализирајте кој е за Европа според однесувањето, а кој е против.
Таа додаде дека мора да има народни канцеларии преку кои претседателот ќе ги слушне проблемите на граѓаните и нивните сугестии. Претседателот има важна обврска и во креирањето на независното судство преку Судскиот совет. Околу претседателот мора да има совет за млади.
Н. А.