Апостол Симовски, актуелниот директор на Заводот за државна статистика на панел дискусијата „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“ во организација на ЦИВИЛ истакна дека подготовките за пописот започнале одамна и дека попис не се прави за краток период од месец дена или година дена, туку дека треба подолго време.
„Подоготвките почнаа одамна, попис не се прави за месец или два или година дена, треба подолго време, се разбира врз основа на сознанијата, искуствата и потребите за овие информации она што ја кочи е законот, вчера почна расправата, вчера беше првото читање и во наредниот период ги очекуваме деталите, се надевам дека субјектите во парламентот ќе го изгласаат овој закон и нема да има никакви спротивности, оваа е операција која треба да донесе бенефит на граѓаните во државата. Ние финишираме со подготовките од технички аспект, овој попис ќе биде специфичен нема да биде на оној традиционален начин ќе користиме комбиниран метод“, истакна Симовски.
Симовски додаде дека за разлика од претходните години, оваа година ќе има електронски прашалници, на лаптопи и ќе има комуникација со автоматски бази од каде ќе се превземаат податоците и ќе се надополнуваат од терен.
„Ако сте вработени некаде во деловен субјект, ние од три бази ќе имаме податоци, и нема потреба да прашуваме на терен за тоа и нема да го замараме населението со тие податоци. Ова дава голем квалитет на пописот и го крати времето на спроведувањето, и по нас најважното е што дава најбрзо резултати, а сега како што стои во законот треба по 6 месеци да излеземе со податоците“, додаде Симовски.
Според него, ова ќе биде многу поквалитете сет на собрани податоци и ќе бидат податоци со кои можат да се вршат планирањата, речиси сите подготовки се завршени, останува да се донесе законот кој многу е важен, за да се формираат регионални комисии за спроведување на пописот.