Платите на директорите на институциите во културата пораснаа за 40 до 50 отсто благодарение на колективниот договор кој го потпиша Министерството за култура. Ваквото покачување беше поздравено од Синдикатот на културата, како вистински потег.
Од синдикатот сега побараа од директорите покомпетна организација на работниот процес во своите институции, борба за посдржајна програма и повеќе проекти, финансирани од државата, но и од европските и меѓународните фондови.
Според синдикатот директорите треба да ги ангажираат сите вработени во работниот процес, да обезбедаат соодветни услови за работа во институциите, но и да се заложат за правата и потребите на своите вработени.
Октомвриските плати на директорите ќе бидат за 40 до 50 отсто повисоки, како резултат на колективниот договор во кулутрата, кој според синдикатот беше оценет како еден од најдобрите во регионот.