• Latest

Синкевичиус: Приклучувањето на Северна Македонија кон ЛИФЕ ќе придонесе за позелен и поодржлив континент 

July 5, 2023
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Синкевичиус: Приклучувањето на Северна Македонија кон ЛИФЕ ќе придонесе за позелен и поодржлив континент 

July 5, 2023 14:27
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Приклучувањето на Северна Македонија кон Програмата на ЕУ за животна средина и климатска акција (ЛИФЕ) претставува можност за зајакнување заедничките европски активности за справување со климатските промени и загадувањето, за зајакнување на транзицијата кон чиста енергија, постигнување циркуларна економија и за заштита и обнова на биодиверзитетот, оцени европскиот комесар за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус.

– Нашата поблиска соработка ќе биде од корист за граѓаните, бизнисите и граѓанското општество во Северна Македонија и ќе придонесе за позелен, поодржлив континент во согласност со целите на Европскиот зелен договор, додаде Синкевичиус.

Договорот за пристапување на земјава кон Програмата ЛИФЕ го потпишаа во понеделниот во Брисел еврокомесарот Синкевичиус и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Како што информира Европската комисија, со пристапувањето на земјава кон Програмата јавни и приватни организации од Северна Македонија ќе можат да добијат финансиска поддршка за проекти поврзани со заштитата на животна средина и климата, вклучително и за зголемување на енергетската ефикасност, подобрување на управувањето со водните ресурси и за поддршка на изработка, следење на имплементацијата и спроведувањето на закони слични со оние во ЕУ.

Северна Македонија е четвртата земја која не е членка на ЕУ шро се приклучи кон Програмата ЛИФЕ по Исланд, Украина и Молдавија.

Со приклучувањето кон Програмата, субјекти од земјава ќе имаат можност да добиваат поддршка од ЕУ за мобилизирање на јавни и приватни ресурси за климатска акција, заштита на биолошката разновидност, циркуларна економија и транзиција кон чиста енергија. Апликантите од земјава можат да поднесат предлози во рамките на Конкурсите за Програмата ЛИФЕ објавени во 2023 година.

Приклучувањето кон Програмата ЛИФЕ ќе им помогне на седумте земји да развиваат иновативни еколошки и климатски техники, пристапи и најдобри практики кои придонесуваат за климатски неутрална,

По потпишувањето на Договорот во понеделникот, министерката Шукова изјави дека со ова првпат ќе се обезбеди пристап до финансиски мехнанизми на ЕУ со што ќе се отворат нови можности за аплицирање за проекти и ќе се овозможи подобро општествено вклучување во имплементацијата на европските политики за управување со глобалните предизвици и имплементација на заедничките цели за поздрава и помалку загадена животна средина, подобро заштитена природа и биодиверзитет и декарбонизирана иднина.

Програмата ЛИФЕ има за цел да придонесе во имплементацијата, ажурирањето и развојот на политиката и законодавството на ЕУ за животната средина и клима преку кофинансирање проекти со европска додадена вредност. За учество во Програмата, Владата преку МЖСПП ќе обезбеди соодветна финансиска контрибуција во вкупна вредност 1 327 990 евра распределени во пет години,  од 2023 година до 2027 година, информираа од МЖСПП.

Tags: ЕКживотна средина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ