• Latest

Сиромаштијата и социјалната исклученост им го отежнува пристапот на Ромите до здравствените услуги

May 11, 2018
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сиромаштијата и социјалната исклученост им го отежнува пристапот на Ромите до здравствените услуги

May 11, 2018 09:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нееднаквиот третман од страна на здравствените работници, неможност да ги набават пропишаните лекови и да платат за болничките трошоци, немањето доволно матични лекари и гинеколози во близина на местото на живеење, висока стапка на смртност на новороденчињата, се дел од проблемите на Ромите во системот на јавното здравство. Главните причини за тоа лежат во етничката дискриминација, социјалното исклучување и сиромаштијата на ромската заедница и иако институциите прават напори да ја подобрат состојбата со различни мерки, неопходни се уште позасилени мерки на креаторите на здравствените политики со кои Ромите ќе добијат еднаква и квалитетна здравствена заштита како и сите други граѓани на земјава.

Ова беа главните поенти на конференцијата „Здравјето на Ромите: Пристап, предизвици и можности за подобрување“ што вчера (10 мај) се одржа во Музејот на современа уметност во Скопје во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) како дел од програмата за одбележување на 25-годишнината од основањето на Фондацијата. Претставници на ФООМ, Министерството за здравство, ромските невладини организации и експерти, на конференцијата ги изнесоа проблемите на Ромите поврзани со здравствениот систем, но и понудија пристапи за нивно надминување.

Конференцијата ја отвори Маја Бојаџиевска, претседателка на управниот одбор на ФООМ, која истакна дека Ромите се есенцијалната слика на човештвото во 21 век онака како што Евреите беа есенцијалната слика на 20 век.

– Споредбата не е претерана имајќи го предвид жестокиот притисок на општествената неодговорност кој резултира со попречување до пристапот на правата на луѓето. Резултира со ужасно осиромашување, со нарушување на елементарниот дигнитет примерен на секое човечко суштество. Затоа денес, разговарајќи за здравјето на Ромите, не разговараме за друго, туку за самите нас, за тоа колку сме и колку можеме да бидеме луѓе. Пристапот до здравје и основните човекови права е клучот до човековиот гол живот – рече Бојаџиевска на отворањето на конференцијата.

Министерот за здравство, Венко Филипче, се осврна на мерките за Ромите кои се спроведуваат според превентивните редовни програми на ресорното министерство. Во таа насока, Филипче истакна дека Министерството овозможило бесплатни прегледи за време на бременост, бесплатни лабораториски испитувања за тие што немаат здравствено осигурување, бесплатно породување, како и грижа за родилките по породувањето од страна на патронажните сервиси. Министерот нагласи дека работат во насока на зајакнување на капацитетот на целиот здравствен систем, со што ќе се подобри пристапот до здравствена заштита на Ромите, но и ќе се обезбеди квалитетна здравствена заштита за сите граѓани.

– Многу е тешко физички да се најдат доктори кои може да се вработат во сите здравствени институции. Направивме анализа која покажа дека во здравствениот систем во Македонија вкупно треба вкупно да се вработат околу 2.300 лица, од кои најмногу доктори. За средини во кои има недостиг од гинеколози, каде е потребно дополнително развивање на кампањи за подигнување на свесноста од редовни гинеколошки прегледи, активираме две мобилни амбуланти кои ги имаат болниците во Куманово и Гевгелија. Овие возила ќе ги пуштиме во руралните средини каде што тоа е најпотребно – рече Филипче.

Претставникот на Програмата за јавно здравје на Фондациите отворено општество, Марек Силваши, рече дека еден од главните проблеми при креирањето на здравствените политики кои се однесуваат на Ромите е што не постојат точни податоци според етничката припадност. Според Силваши, истражувањата на терен покажале дека околу 70 отсто од Ромите имаат проблем да ги набават пропишаните лекови бидејќи не можат да ги платат, а само 30 отсто од нив имаат пристап до здравствена нега. Тој потенцираше дека сиромаштијата, физичката оддалеченост од матичните лекари и неквалитетните услови за живот на Ромите им го попречуваат пристапот до здравствените услуги.

Во рамки на програмата за одбележување на 25-годишнината на ФООМ, вчера беше промовирана книгата „Културолошки и структурни компетенции на здравствените работници“. Автори на оваа книга се девет универзитетски професори, а издавач е Фондација Отворено општество – Македонија.

 

 

Tags: „Здравјето на Ромите“конференцијаФООМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ