• Latest
27 април 2017

Сите очи вперени во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

November 30, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сите очи вперени во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

November 30, 2017 11:25
in ПОЛИТИКА
27 април 2017

27 април 2017

Share on FacebookShare on Twitter

Покрај очекувањата дека Комисијата за деловнички прашања и мандатно-имунитетни прашања уште вчера ќе ја започне расправата за барањата за одземање на имунитет на пратениците, таа се закажа за денеска на пладне.

На денешната расправа ќе се одлучува за имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски и Љупчо Димовски кои се осомничени за учество во насилствата во Собранието на 27 април.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги доставил барањата за одобрување на притвор до Kомисијата.

Двајца пратеници од осомничените, Тарчуловски и Мукоски, се членови на Комисијата и тие треба да бидат заменети со други. Заменици на членовите од ВМРО-ДПМНЕ се пратениците Владимир Ѓорѓев, Невенка Стаменковска, Никола Попоски и Зоран Ѓорѓиевски. Претседател на Комисијата е пратеникот Павле Богоевски.

Според Деловникот на Собранието, пратеникот има имунитет од денот на верификација до денот на престанок на мандатот. Надлежниот орган бара одобрување на барање за притвор на пратеник до претседателот на Собранието. Претседателот на Собранието, понатаму, барањето го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која во рок од два дена треба да достави извештај. Врз основа на извештајот Собранието треба да одлучи во рок од три дена за барањето за притвор на пратеникот. За тоа да се случи потребно е мнозинство од 61 пратеник.

Кривичниот суд вчера соопшти дека од 24 лица повикани на распит мерка притвор од 30 дена им одредил на 13 осомничени, додека шестмина од осомничените добија куќен притвор. Од Судот информираа дека за пратениците кои се осомничени, судијата на претходна постапка ќе пристапи кон одлучување по предлогот на обвинителството откако Собранието ќе расправа за одземање на нивниот имунитет. За останатите лица кои се опфатени во предлогот, а не биле на распит Судот се уште нема добиено известие за причините поради кои не е постапено по наредбите за нивно приведување.

Дел од правниците потенцираат дека воопшто немало потреба од тоа Комисијата да расправа за имунитетот на пратениците бидејќи според законот, пратеничкиот имунитет не важи доколку за делото кое му се препишува на пратеникот предвидената минимална казна е пет години затвор. Во овој случај Судот само треба да го извести Собранието за покренатите постапки и за барањата за притвор.

Во меѓувреме претседателот на Демократскиот сојуз побара денешната расправа да биде отворена за јавноста преку директен пренос.

„Граѓаните беа сведоци кога се одвиваа крвавите настани на 27 април во Парламентот, обидот за државен удар и насилно загрозување на демократски институции, поради што сосема е логично и оправдано, сите активности поврзани со расчистување на овие настани да се одвиваат транспарентно и пред очите на јавноста. Граѓаните мора да бидат еднакви пред законот, а имунитетот не смее и не може да се користи за попречување на правдата“, изјави Трајанов.

Тој додаде дека пратениците кои беа дел од сценариото за дестабилизација на државата и воведување на воена состојба немаат морален кредибилитет да седат во парламентарните клупи, а уште помалку да се повикуваат и сокриваат зад пратеничкиот имунитет.

М. Ивановска

Tags: 27 априлимунитеткомисијаПавле ТрајановпратенициСобрание
Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ