• Latest

Ситнење, раситнување и ситни души

December 7, 2020
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ситнење, раситнување и ситни души

December 7, 2020 07:30
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ  

Либерализмот ги собра сите карактеристики на пазарното општество, на едно место, но и постави нови правила – ситнење на заедницата до продуктивни единки, поврзани со постојаната меѓусебна борба за повисоко место во компанијата. Ако ова ви изгледа како некаква современа анализа на времето во кое живееме, ќе се изненадите дека Фукојама ова го напишал пред 40 години, кога го објаснувал напливот на млади луѓе на врвни места во компаниите. Тој експеримент завршил некаде кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век. Завршил за светот, а кај нас дојде во деведесеттите и упорно трае, иако дава сѐ полоши резултати.

Зошто го пишувам ова? Ги следам дебатите или модерно кажано телевизиските настапи на младите ни политичари и постојано се навраќам на една вистинска случка од моево НОВО СЕЛО, што секако не конкурира на мислите на Фукојама, ама е метафора на состојбата во која се наоѓаме.

Чичко Андреј се врткал во сабота наутро по дворот и му се излегувало кон продавницата – кооперација како што тогаш се викаше, ама си барал причина тоа да го стори без многу објаснување на сопругата. Мавтал со една банкнота од тогашни сто динари со ликот на Алија Сиротановиќ и барал дали некој од домашните има да му ги раситни. Се разбира неговиот портофел е единствената домашна каса и решението е, да се раситни во продавницата. Центарот на сите збиднувања, секогаш се местата каде се собираат луѓето. Црквениот двор во тоа време нема идеолошка подобност и во кооперацијата се одвиваат сите дебати.

Разговор како разговор, не оди на суво и се појавила потребата од подмачкување. Темите, големи, неопходни, а времето одминува. Се наближил ручекот, се свртеле повеќе тури поддршка, а атмосферата и парите се ситнеле. Кога притисокот од домашните форуми станал незапирлив, Андреј морал да го напушти дебатниот клуб. Кога дошол дома сопругата сомнително го испитувала, како Европската комисија нашите политичари и поставила заклучок, парите раситнети ли се­? Андрејко бркнал в џебот и извадил грст кованици од по еден и два динара и ги ставил на масата – ситнев, ситнев од ова поситно не можам.

Токму од оваа вистинита случка не можам да се одлепам целата измината недела. Гледам млади луѓе на телевизија, како бранат ставови што се неодбранливи, како внесуваат страст во разговорот, како да сакаат со надвикување и непристојност да ги заменат фактите. Со претстава, сакаат да ја покријат голотијата во која живееме. Со форма сакаат да ја сокријат суштината. Не учеле Хегел, да знаат дека формата и суштината се во дијалектичко единство и дека спротивностите меѓу нив секогаш завршуваат со нова форма.

Важно е да се постигне денешната цел. Пред членството да се победи, надзборува, понижи противникот. Јас не верувам дека и имаат нешто против, еден со друг приватно, туку ја играат улогата на партиски противници. Тоа што внесуваат премногу емоции и омраза и не е страшно. Така е во нивниот сѐ повеќе виртуелен свет. Се угаси компјутерот и готово, поминуваме на друго ниво. Како во филмовите за мафијата, кога ќе се изврши убиство на член на соперничката организација.

– Прости ама ова не е ништо лично, ова е бизнис – вообичаена реченица при израз на сочувство кон семејството. Често ги читаме упатствата од европските институции, дека сме требале да ги поддржуваме претприемачките размислувања на младите. Епа господа, ова ви е класичен пример како се практикува претприемаштво. Се влегува во партија од младост, па се учат сите марифетлуци на брзо напредување низ структурите на партијата и сé до директор, пратеник, министер. Знаење, компетитивност, искуство, сé тоа е собрано во едно – партиска позиција. Без многу емоции и без многу моралисување, како програм на компјутерот.

Е токму овде е вистината на чичко Андреј. Ситневме, ситневме, раситнивме.

Ги раситнивме големите ликови, што имаа што да кажат, за нивното кажување можеше да се прави кавга во кооперацијата, да се ситни сто динарка и сега ни остана она што и тешко се ситни. Поситно не може.

СЛАВА  НЕСИТНЕТА

Во вторник е ден за празнување. Прогласен е верскиот празник за државен. А според православниот календар и правилата од почетокот на постот до дваесетти  јануари е времето на славите. Додуша ги започнавме на Митровден минатиот месец, ама овие до Божиќ се посни. И нема да морализирам со држењето на постот, туку ќе се држам до ситнењето на сѐ околу нас.

Се сеќавате на славите во предната соба што ја викавме гостинска. Голем германски астал со политура, што се развлекува само неколку пати во годината. Софрата полна, а на чело седи најстариот член на семејството, никој не зема од храната додека попот не го отпее тропарот за светецот. Секој светец си има свој тропар. Се наздравува за целото семејство се моли светецот за здравје, за бериќет, доаѓаат кумовите, соседите, пријателите. Се јаде се разговара. Според јачината на сркањето чорба се оценува бројот на гостите. До доцна во ноќта се седи околу софрата и се разговара, а богами почесто и запее. Некои од гостите вкрстуваат половина литар вино и сода, па утредента раскажуваат за патешествијата до дома.

Се ситни и тоа, се ситни.

КОРОНА СЛАВА

Забрането групирање, ама да не се навредат постарите и светецот, се порачува готова баница, ситни колачиња, риба ослиќ и готова салата и се препакува во десеттина пластични садови, а на нив се залепува налепница– за кумовите, за сестра ми, за сватоштините и така натаму. Се врти телефонот на месниот парох и се договара подигањето на панагијата. Маската се става, се распоредуваат полните пластични садови и се разнесува според списокот.

Честито слава кумашине, нека е со многу среќа.

Се ситни славата, се раситнува семејството.

ПОСТ КОРОНА СЛАВА

Швапскиот астал се чува како раритет или неопходен спомен. На него седнати домаќините и сѐ е како и порано. Ама не е исто. И гравчето направено и салатите и баницата и рибата. Свеќата запалена, а до неа екран на кој попот го чита соодветниот тропар и заповеда кога да се раскрши славскиот колач и каде да стои свеќата до утре. Околу масата два екрани со познати ликови и далечни простории. Се подигаат чашите, се наздравува, се пее на два гласа, едниот овде, а другиот по далечните Германии, Америки, Австралии. Се вкрстуваат далечните гласови од различни временски зони.

Да сте вие живи и здрави деца, тоа е најважно, за нас не берете гајле.

Се гасат екраните се потпира главата на дланките и се молчи. Половина чаша вино испиена, чепнато од рибата и баницата и…?

Се ситнеше, се ситнеше и се раситни.

А криви сме сепак ние што молчевме, што себично гледавме да преживееме. Што се надевавме дека некој друг ќе ја заврши работата, а ние ќе расправаме во гранапчето, како било. Што себично велевме – младите нека добијат шанса. Не прашувавме дали тие знаат, дали можат, дали сакаат. Се плашевме дека ќе нé праша некој – како ги воспитавме, во што ги научивме да веруваат. Не ние тоа не го правевме…

НИЕ САМО СИТНЕВМЕ И СИТНЕВМЕ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ