• Latest

СЕММ: ТВ Сител и ТВ Нова, „Вечер“, „Курир“ и „Република“ го прекршија Кодексот на новинарите!

March 13, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СЕММ: ТВ Сител и ТВ Нова, „Вечер“, „Курир“ и „Република“ го прекршија Кодексот на новинарите!

March 13, 2017 13:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со објавување на текстот „Соросовите организации со штелувани извештаи против сите држави кои ќе им се спротивстават“, медиумите – ТВ Сител, „Курир“, „Република“ и „Вечер“ во своите интернет изданија ги прекршија членовите 1 и 13 од Кодексот на новинари, се вели во одлуката на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ).

Одлуката на Советот за етика во медиумите е донесена по жалбите поднесени од Транспаренси Интернешнл – Македонија и од Слаѓана Тасева Петровска се основани.

 

„… Со оглед на тоа што не се бара став од засегнатата страна, со ваквиот медиумски производ не се обезбедува  согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори. Постулат на новинарската професија е да се побара став од сите засегнати страни во обработката на новинарскиот производ, особено во случаи кога новинарот изнесува сомневања или обвинувања или кога некој е предмет на напад и критика. Понатаму, авторот на текстот, во повеќе наврати своите мислења ги прикрива како факти. Точно е дека новинарот има право на сопствено мислење, но во конкретниов текст не се разликува што е коментар, претпоставка или став на авторот. Ова особено доаѓа до израз, бидејќи во текстот се изнесуваат низа тврдења за политичко дејствување на невладината организација ‘Транспарентост Интернешнл’, а бидејќи претходно не се обезбедени согледувања на сите значајни аспекти на темата за која се говори, се доаѓа до дезинформирање и манипулирање со публиката“, се вели во одлуката на Комисијата за жалби.

Под ист основ, со објавувањето на Интернет прилогот „Сомнеж околу можно политичко влијание врз рангирањето на ‘Транспаренси Интернешнл’ – Џорџ Сорос е еден од главните финансиери“, и за поднесената жалба до Телевизија Нова, Комисијата одлучи дека е основана.

Според Комисијата, и жалбата на Сашка Цветковска за текстот „Љубовна драма во скопска Железара – Ја претепал љубовницата и полугола ја исфрлил на улица“ објавена во дневниот весник „Вест“, е основана.

Со објавување на овој прилог „Вест“, ги прекршил членовите 7, 8 и 11 од Кодексот на новинари.

„ …прекршен е член 7 од Кодексот на новинарите на Македонија, според кој, новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ја почитува личната болка и жалост. Комисијата констатира дека е прекршен член 8, според кој начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки, мора да биде ослободен од сензационализми. Комисијата заклучи дека е прекршен и член 11. Новинарот мора да биде свесен за последиците и ефектите од неговите зборови, мора да внимава на нивниот избор и не смее да навредува или да исмејува. Професионалниот новинар никогаш нема да зборува за личности врз основа на стереотипи и предрасуди за расата, полот, возраста, религијата, етничката припадност, сексуалната ориентација, телесниот недостаток, физичкиот изглед или социјалниот статус. Секогаш треба да се избегнуваат фрази кои во себе носат шовинистички, сексистички или какви било други дискриминирачки конотации“, стои во одлуката.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ, за следните чекори што ги презема Советот, по донесување на одлуките.

„СЕММ има практика одлуките да ги доставува до жалителите и до медиумите на кои се однесува одлуката. Советот ги охрабрува медиумите да ги објават донесените одлуки, но досегашната пракса покажува дека во голем дел од случаите, медиумите не ги објавуваат. Нашата надлежност завршува тука. Во Деловникот на Комисијата, нема спецификации за обврската и рокот до кога да се објави одлуката. Се понатаму, зависи од добрата волја на медиумот“, вели Тунева.

СЕММ на располагање ја има и медијацијата како алатка за постапување.
„Досега со медијација сме успеале да решиме 12-13 случаи, кога со директна комуникација со медиумот кон кого е поднесена жалба, сме издејствувале промена на текст во кои биле наведени погрешни информации“, објаснува Тунева.

Марија Теговска

Tags: жалбаКодекс на новинариМедиумиСЕММСоросТранспаренси Интернешнл
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ