• Latest

„Скакулците“ кои ни ги изедоа парите, градот и дел од душата

August 1, 2017
Пожарникарите гаснат запалени остатоци по рускиот напад со ракети и беспилотни летала врз Киев на 23 јуни 2025 година, во кој загинаа најмалку пет лица, а 13 други беа повредени. Фото: Државна служба за вонредни состојби на Украина

Во рускиот масовен напад со ракети и дронови врз Кијив убиени најмалку 7 лица, а 19 се повредени

June 23, 2025
Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

June 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

САД ја повикуваат Кина да го одврати Иран од затворањето на Ормутскиот теснец

June 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Скакулците“ кои ни ги изедоа парите, градот и дел од душата

August 1, 2017 16:24
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

За франкенштајнскиот проект „Скопје 2014“ до денес се потрошени, неверојатни, 628.000.000 евра, што претставува околу 40% од средствата предвидени за капитални инвестиции, од буџетите на Реублика Македонија од 2010 до 2015! Вистинската грдотија на „Скопје 2014“, не е во кичот и неквалитетот на скулптурите и градбите, па дури ни во огромното пљачкосување на сопствениот народ, туку токму во „дивото накалемување“ на квази-историски небулози кои убаво звучеа, но трајно го разоруваа македонското национално единство…

Пишува: Југослав Петровски

Според мене, од овие пари, ниту едно евро не е вложено во култура; туку тие 628 милиони евра, се вложени во „не – култура“, т.е. овој проект не само што преставува погрешно инвестирање, туку самиот по себе, повлекува неколку деструктивни аспекти токму од областа на културата, уметноста, историјата, но и државотворноста. Не знам што точно на авторите и осмислувачите на овој проект им била целта, но резултатите се поразителни. Всушност, нивните „скриени“ цели, веќе излегуваат на површина, и лесно можат да се погодат, но тешко е човек да сфати, да ја разбере таа нивна монструозност – дека некој е подготвен да го уништи плоштадот на својата престолнина и притоа, да го измести генетскиот код на својот народ, само поради дневно-политичка пропаганда, поради собирање на ефтини политички поени, и поради остварување на криминален профит на најлесен и на најрасипан начин!

Значи, потрошени се повеќе од пола милијада евра, а резултатот е следен:

Плоштадот како јавен простор ја изгуби својата намена, и како ретко каде (јас не знам таков град во цивилизираниот свет) е престорен во квази–музејски простор исполнет со кич скулптури без никаква композициска поврзаност, без никаков стилски или историски континуитет, контекст или смисла. Поврзаноста на скулптурите кои ни го окупирале центарот, може да се следи само во нивната фалусоидност, во нивниот мачоизам и во нивната бесмислена глорификација на минатото за кое со право може да се прашаме: колку е навистина наше и(ли) само наше?

За да не дојде до недоразбирање, би навел само еден, од многуте слични примери – „Триумфална порта“, објект кој историски гледано, насекаде низ светот, се градел само во периоди на војна и тоа исклучиво во империјалистички земји. Кога некој војсководец, ќе остварел некоја голема војна победа или ќе поробел некоја територија, тогаш тој градел ваков објект. И на тој начин, со свечено дефиле низ таа ново изградена „Порта на триумфот“, ја прославувал својата победа.

Значи, ваков објект, денес, во Македонија, е сам по себе – апсурд…

Всушност, целиот проект „Скопје 2014“следи еден квази-историски котекст.

По распаѓањето на Југославија, и по формирањето на засебни држави од поранешните републики, во секоја од нив пооделно, се појави тренд на историско превреднување, и докажување на некоја наводна ексклузивна „библиска“, предисториска, „амебовидна“, вонземјанска и слична – древност и потекло. Но, само кај нас, во Македонија, тоа квази-историско превреднување, стана официјална политика, и доживеа свое оваплодување во проектот „Скопје 2014“, и во уште неколку проекти, кои се во директна и нераскинлива врска со идејноста за „Скопје 2014“. Повторно, не знам дали тоа им била намерата, но резултатот е следен: со овој обид да се откорне природно израснатиот корен на македонскиот народ и истиот да се помести таму некаде, во далечното минато, во она што веќе не е историја туку е многу повеќе мит, во антиката и уште подалеку, не се постигнува ефект на дополнителна национална гордост, туку напротив, националното чуство се обезличува, се проблематизира… И, наместо да биде дел од животот и историјата, тоа станува дел од приказните и претпоставките. Исто така, да потенцирам дека е многу болно и проблематично, насилно, и пропангадистички, да му се менува геномот на народот, оти ако го сториш тоа еднаш и го убедиш дека е нешто друго, а не тоа што е, тоа лесно може да се случи и уште еднаш. И уште еднаш, и уште стопати… Значи, со насилно менување на коренот, се добива народ кој незнае што е, всушност, народ што лесно можеш да го убедиш дека е било што друго.

Кај нас се случуваше редок пример –  државата да му кажува на народот што всушност е тој, и какво е негово потекло. Тоа е толку нелогично и неприродно, и обратно од природниот процес на народно самопрепознавање и самоосознавање на сопствениот архетип. Затоа, сега имаме плоштад кој не е резултат на реалните потреби на граѓаните на овој град, туку е резултат на желбите и замислите на еден диктатор, кој сакаше со сила да остави свој печат во историјата на македонскиот народ: настан кој сам по себе е преседан. И може да се спореди со примерот на Чаушеску и неговиот „Нов Букурешт“, или со замислите на Хитлер за „Нов Берлин“.

Набројувањата на негативните аспекти, и последици што ќе ги трпи Скопје од овој проект, се многу, и оваа редење може да се протега до бескрај. И веројатно е доцна да се каже дека на оваа лудило мора да му се стави крај, особено ако се има предвид дека од диктаторот беа планирани уште неколку проекти (Шпански скали, Споменик на Мајка Тереза, Панорамско тркало…), кои ако се изградат, несомнено ќе го зголемат „ужасот“ и дополнително ќе го нагрдат централното градско јадро, а секако ќе претставуваат и најголема пералница на пари, од денот на независноста на Република Македонија, па сè до денес! Затоа, гледам потреба од огромна итност и решителност, за итен знак „Стоп!“ за сè што е во фаза на изградба, доградба, планирање за градење… И добро, ако е генерален став дека е прескапо да се урива, сигурно не е прескапо, Панорамското тркало да престане да се врти, а „Шапката на Мама Тереза“ да престане да се издига, иако е сè поблиску до предвидените, неверојатни 35 метри! Значи, целосен мораториум!

Да! Мораториум! Да, мои драги пријатели и соборци, сè до денот, кога, веќе формираната „Експертска група за Скопје 2014“ не излезе со свои ставови, решенија и предлози и не се отвори широка дебата околу истите. Та, тогаш, да решиме што и како понатаму.

Но, како да го свртиш, штетата од „Скопје 2014“ е веќе направена, таа е огромна и многуслојна и влијае врз многу сфери кои се дел од секојдневниот живот на граѓаните, не само врз Скопје, туку и врз цела Република Македонија. „Скопје 2014“ е наезда од „скакулци“, кои година по година, имат изедено огромна сума на наши, народни, пари! Но, тоа не им било доволно, та загризале и во вашиот идентитет, националното самочуствие и чуството за државотворност (кое е и онака кревко и мора да се преземе сè, да го сочуваме, негуваме и шириме), па, би се осмелил да тврдам дека тоа им било уште побитно од парите: да го искривоколчат нормалниот раст на македонската нација. И не само тоа, туку на многу расипан начин, користејќи ги сите негативни аспекти на етно-национализмот и другите слични синдроми, карактеристични за „малите народи“, а имајќи го предвид и тоа дека сме и млада држава која своите вистински темели ги има удрено дури во средина на 20-от век, се обидоа и до некаде и успеаа, вистината и фактите да ги наметнат како причина за инфериорност. И да наметнат – популистички и пропагандистички – низа од „приказни за мали деца“ и еден тон на „теории на заговор“, кои лесно се голтаат и создаваат чуство дека тоа што некогаш наводно сте биле (најстари, најбиблиски, најголеми, највоинствени…), ете, докажува, дека реално(?) е можно, повторно, да станете!? И на крај, ја завршија таа подмолна, расипана, игра, тоа поигрување и манипулирање со она што е најсветото во еден човек, со поентирање со примарната им цел. Набрзина да наметнат нови „богови“ и нови „национални супер херои“, и истите да ги искористат за диктаторот да го прикажат како реинкарнација на Александар Велики, а неговата Д(Р)ПМНЕ како „воскресната фаланга“…

Монструознипот епилог на сето ова ни е во многу свежо сеќавање, сè уште има и чести рецидивни испади, и верувам дека ќе ги има уште долго, оти вистинската грдотија на „Скопје 2014“, не е во кичот и неквалитетот на скулптурите и градбите, па дури ни во огромното пљачкосување на сопствениот народ, туку токму во тоа „диво накалемување“ на квази-историски небулози кои убаво звучеа, но трајно го разоруваа македонското национално единство… И така, дезориентираа добар дел на народот, ги натераа комплетно да се свртат кон преиспитувањето на минатото, притоа не кажувајќи им, дека така, долго време, ќе бидат целосно свртени со грб кон сопствената и севкупната, државна иднина. И – дека така, со главата во минатото, а со газот кон иднината – нема да видат каде треба да се оди, не им кажаа дека ќе бидат целосно слепи за она што е нивната иднина, и дека ќе останат вкопани, не подготвени за 21 век, неинформирани, лесно манипулативни, ретроградни… Та, ако си свртен целосно кон назад, во сите сфери на егзистенцијата, нормално е со сета своја сила да влечеш натаму, и така сè подлабоко ќе длабиш низ минатото, право кон сите идиотски заблуди и предрасуди на „темното средновековие“…. Тоа не му кажаа, оти токму таков народ и сакаа да имаат!

Можеби и ќе го голтнам тоа дека изграденото не мора да се урива, би прифатил, и секогаш сум бил за тоа, дека тие објекти можат да се реосмислат, да им се даде друг подтекст, да им се вдахне авангарден дух. И, тогаш, такви, можеби ќе заличат на нешто… Та, дури и можат да бидат навистина квалитетни – тоа најмногу ќе зависи од визијата и креативноста на уметниците кои би работеле на нив… Но, ова второто, овој подмолен „клин на раздор“ што се обидов да ви го претставам во неколкуте варијанти на неговиот „монструозен лик“, тој квазимоден дух, заснован врз купишта на разни „квазизми“, тој „разорувачки монструм“, затскриен зад стиропор, бронзена боја врз некаква легура, затскриен од окото на обичниот восприемач на изградениот кич…, е, тоа е она „Скопје 2014“ што мора да биде урнато! Оти, ако не го урнеме ние него, тогаш може тоа да не урне сите нас… Без оглед дали сме маѓепсани од „грандиозниот трик на квази-патриотизмот и груевизмот“, или одамна сме го прочитале трикот и упорно се обидуваме да ги „разбудиме“ заспаните.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Скопје 2014“Александар Великиграндиозен трикГруевскиклин на раздоркриминален профитмораториумобезличувањетеории на заговоруривањеЧаушеску
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ