• Latest
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

Владата во Подгорица најпрвин дала, а потоа повлекла согласност за ставање на луксузен туристички комплекс во Тиват. Оваа противречност во потезите на ист владин состав секако е одраз на постојните разлики во неа во однос на српското „замешателство“ во црногорските стратешки позиции. Се чини, обидот за влез на контроверзната Алта банка било каде не е можна без скандал! Инаку се работи за објект во Тиват што е во државна сопственост.

August 10, 2026 10:12
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
фото извор: Алта банка

фото извор: Алта банка

Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски

Црногорске „Вијести“  деновиве јавија дека Владата на Црна Гора ја повлекла претходно дадената согласност со која на компанијата „Луштица Девелопмент“, инвеститор во луксузниот туристички комплекс Луштица Беј, ѝ било овозможено да воспостави заложно право врз државен имот како гаранција за кредит од 15 милиони евра од Алта банка Белград. За неа доста се пишуваше и кај нас, заради фактот дека таа по сите применети анализи претставува дел од ново-основаното транзициско богатење на политичкиот врв на Белград! Само да се потсетиме дека оваа банка, која веќе ја купи Стопанска банка – Битола во Македонија, и кај нас, по многу необични чекори, ама и конечна согласност на власта на Христијан Мицкоски, сега се одомаќини и кај нас.

Но за што се работи во Црна Гора? Спорната зделка се однесува на марината и крајбрежното шеталиште во комплексот Луштица Беј кај Тиват, изградени на државно земјиште, со површина од околу 18.000 метри квадратни.

Според „Вијести“, владата на Црна Гора на 29 јуни го прифатила барањето на „Луштица Девелопмент“ со што требало да се овозможи воспоставување заложно право во корист на Алта банка – Белград како обезбедување за враќање на кредитот од 15 милиони евра. Но, на 28 јули, само два дена откако „Вијести“ објавија информација за планираниот аранжман, владата на премиерот Милојко Спајиќ ја променила одлуката и го поништила претходниот заклучок. Со тоа практично било спречено државниот имот – марината и шеталиштето да биде ставен под залог во корист на белградската банка. Накусо проблемот во овој случај е дека заложното право нема основ во ниту една зделка на споменатата фирма. Чуму тогаш ставање под залог на една од најкрупните стопански објекти на Јадранот?

Во образложението на последната владина одлука – она „не“ после даденото „да“ – не била наведена конкретна причина за пресвртот, туку само било посочено дека настапиле „одредени правни и фактички околности“ поради кои престанала основата за постоење на заложното право. Според катастарските податоци што ги провериле „Вијести“, заложно право во корист на Алта банка воопшто не било запишано. Од „Луштица Девелопмент“ потврдиле дека во моментот немаат кредитни аранжмани со Алта банка. Компанијата, сепак, не одговорила на прашањата на „Вијести“ за тоа дали претходно имала други кредитни аранжмани со банката, во колкав износ и какви средства за обезбедување биле користени. Нема никаква реакција ниту од банката во Белград – каква намера има за инвестирање во Црна Гора, иако се говори дека таа би сакала да вложи 15 милиони евра во Тиват.

Од црногорското Министерство за урбанизам, просторно планирање и државен имот објасниле дека владата првично била подготвена да го овозможи аранжманот поради значењето на продолжувањето на инвестицискиот циклус, но дека „Луштица Девелопмент“ не ги реализирала активностите што биле утврдени како услов за спроведување на согласноста. Министерството, според „Вијести“, не прецизирало кои конкретно биле тие услови.

„Вијести“ посочува и на политичките контроверзии што ја следат Алта банка во Србија. За тоа овој автор пишувал доста во минатите години, а според црногорскиот медиум, кој се повикува на мислења на српската опозиција, повеќе од јасни се врските на сопственикот на банката, бизнисменот Давор Мацура, со претседателот на Србија Александар Вучиќ, неговиот брат Андреј Вучиќ и владејачката СНС. Како што пишува новинарот Синиша Вуковиќ, оваа банка се третира како „паричник“ на братот на српскиот премиер, Андреј Вучиќ.

Токму поради ваквите тврдења, црногорскиот медиум побарал од „Луштица Девелопмент“ одговор дали соработката со Алта банка може негативно да се одрази врз деловниот имиџ на компанијата и на целиот проект Луштица Беј, но одговор не добиле.

На сајтот на Владата на црна Гора нема соопштение за оваа владина одлука, но треба да се знае дека министер за Урбанизам и просторно планирање е член на Нова српска демократија, која е просрпска партија. Се работи за Славен Радуновиќ, што јасно укажува од каде „дувал ветерот“ при првата согласност, а сега, по поништување на согласноста, се покажува дека засега во Подгорица, сепак, се знае „кој го води орото“. Се чини, според црногорски извори, дека оваа позната и во европски рамки, марина и шеталиште во Тиват, ќе паднат под закрила на Министерството за туризам. Претпоставката е дека таму министерот подобро би ги застапувал црногорските државни интереси.

Кај нас, влезот на Алта банка преку Стопанска банка – Битола наиде на широко отворени раце на актуелната политика. Во овој миг Алта банка – Белград поседува 95,1754 проценти од обичните акции со право на глас во македонската Алта банка и ги држи сите управувачки позиции. Ова преземање наиде на критики, како во експертската јавност, така и во дел од политиката.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ