Сефер Селими
Косово, во принцип, секогаш ќе ја поддржува Украина, бидејќи нејзината историја има многу сличности со историјата на Косово.
Територијалниот интегритет на Украина, исто како и територијалниот интегритет на Косово, се засноваат врз меѓународното право и историската реалност. Русија и Србија се држави агресори кои, преку неправедни територијални и „историски“ претензии, го оспоруваат правото на самоопределување и независност на овие две земји. И воопшто не е случајно што меѓу нив постои длабоко стратешко и политичко сојузништво.
Токму поради оваа причина, паралелата што вчера ја направи Зеленски не беше само непромислена, туку и суштински погрешна. Ставањето на Косово во аналогија што ја релативизира разликата меѓу агресорот и жртвата на агресијата ја искривува историската и политичката реалност.
Косово и Украина не се на спротивни страни на оваа паралела. Напротив, тие се на иста страна: во одбрана на слободата, правото на самоопределување и нивното право да постојат како независни држави.
Авторот е аналитичар и основач на Democracy Lab.












