Секој работен ден, ЦИВИЛите преку инфо -штандови ќе ги промовираат, а воедно и ќе ги информираат граѓанките и граѓаните за проектните активности на организацијата.
ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска, во 12 часот, ги промовираше проектите „Слободни општество“ и „Акција – Интеграција“, каде граѓанките и граѓаните имаа можност да се запознаат со работата на организацијата и да споделат мислења со тимот.
Проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ се спроведува од јули 2017 година, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, и има цел да придонесе кон градењето слободни медиуми и слободно општество.
Проектот „Акција – Интеграција“, во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија, е за поддршка на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија.
Инфо-штандовите, кои ЦИВИЛ ќе ги одржува секој работен ден, ќе започнуваат во 12 часот, во центарот на Скопје.
А.Петровска