Секој петти човек во државата живее во сиромаштија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 2016 година, во Македонија, стапката на сиромашни лица изнесувала 21.8 проценти од вкупното население на државата, или 450.500 граѓани.
Податоците покажуваат дека најголема стапка на сиромаштија има кај повеќедетните семејства, а најниската е кај самечките семејства. Според ДЗС во 2016 година, најголемиот процент од 41.1 се невработени, 9 проценти од нив се вработени, а 7.1 процент се пензионери. Невработеноста кај сиромашните лица во 2015 година изнесувала 39.7 проценти, и овие податоци покажуваат дека и стапката на невработеност пораснала следната година.
Што се однесува на 2015 година, сиромаштијата во Македонија изнесувала 21.5 процент, што покажува дека за една година стапката на сиромаштија се зголемила, односно во поглед на семејствата со три или повеќе деца се зголемило за 8.800 семејства.
Намалување има во однос на 2014 година, каде што 22.1 процент од населението живеело во сиромаштија, или 457.200 граѓани на Македонија.
Македонија најсиромашна била во 2010 година, односно со 27.3 проценти од вкупното население.
Ангела Петровска