ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Куп медиуми, меѓу кои и од оние ептен професионалните и независните, објавија речиси идентичен наслов „Шилегов се жали на загадениот воздух…“.
Пошто, тема не е загадениот воздух, ниту тоа дека Скопје е повторно во врвот на најзагадени градови во светот, туку Шилегов.
После, тргнува машинеријата на ботови, кои му се смеат на Шилегов што објавува дека воздухот бил загаден. Не им пречи што се трујат, им пречи Шилегов.
А каде се зелените ем хумани? Нема скриншотови од „Мој воздух“? Нема бунење за тоа што е драстично намален буџетот на Градот за 2022 за зеленило и за мерките за почист воздух? Не бараат вонредни мерки, никој не повикува на протести, никој не бара одговорност, нема хистерија?
Напротив, кај и да е, ќе излезат да го пијат воздухот со полна плуќа, море со кутлачи ако треба, како оној од Дојран што пиеше вода од езерото, за да ви докажат дека воздухот не е загаден.
Јавете ако се јават, о-ќеј?