• Latest

ЦИВИЛ и МЕДИА ДИЈАЛОГ ја стартуваа големата меѓународна конференција за одбрана на демократијата и човековите права: Скопје – главен град на демократијата

December 11, 2024

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

ЦИВИЛ и МЕДИА ДИЈАЛОГ ја стартуваа големата меѓународна конференција за одбрана на демократијата и човековите права: Скопје – главен град на демократијата

Повеќе од 25 учесници од земјата, регионот и светот учествуваат на големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, на 11 и 12 декември во Скопје.

December 11, 2024 20:11
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5, ФОРУМ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставниците на ЦИВИЛ – Центар за слобода, МЕДИА ДИЈАЛОГ и Германската унија на новинари на прес конференцијата на првиот ден од големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, ја објавија богатата програма на иницијативата посветена на одбрана на демократијата.

Во текот на првиот ден, учесниците во работилницата на тема „Одбрана на демократијата и човековите права: Предизвици и перспективи (препораки)“, ги истражуваа клучните закани за демократијата, вклучувајќи ги последиците од војната, дезинформациите, хибридните закани, национализмот и авторитаризмот. Тие ги поставија основите за развој на стратегии за заштита на демократските институции и човековите права во услови на силни предизвици во регионот и во целиот свет.

На прес конференцијата учествуваа Џабир Дерала, Биљана Јордановска и Дијана Тахири од ЦИВИЛ, д-р Волфганг Ресман од МЕДИА ДИЈАЛОГ, и Мика Бојстер од Германската унија на новинари.

На прес конференцијата стана збор за програмата на конференцијата и се најави изложбата на фотографии по повод 25 години ЦИВИЛ. Воедно, јавноста беше информирана за лансирањето на специјалната веб страница DefendingDemocracy во состав на интернет весникот ЦивилМедиа.

Новата интернет платформа на ЦИВИЛ е на англиски јазик, со линкови до сите содржини на македонски и албански. На располагање се новите рубрики ДЕМОКРАТИЈА (линк) на македонски, односно DEMOKRACI (линк) на албански, посветени на Конференцијата, како и на сите резултати што ќе произлезат од овој значаен меѓународен настан.

Конференцијата се состои од обраќања од Министерот за европски прашања и медиуми на Северна Рајна-Вестфалија, Натаниел Лимински, амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер, и амбасадорката на Литванија Вилма Дамбраускиен, по што следат четири панел дискусии во кои учествуваат повеќе од 25 учесници од Северна Македонија, регионот, Европа и САД. Истовремено со конференцијата, ќе се одржи изложба на фотографии, а ќе бидат отворени и штандови со изданија на организацијата која оваа година одбележува 25 ГОДИНИ од основањето.

На прес-конференцијата како што истакнаа Дерала и Ресман, демократијата во светот е пред голем предизвик, особено во услови на руската агресија против Украина, која открива застрашувачки последици на неконтролирана тиранија. Според нив, голем предизвик за светот е и тоа што на Блискиот Исток продолжуваат насилствата и воените дејствија. Воени злосторства, како намерното напаѓање на цивили, систематско мачење и користење на гладта како оружје, сè повеќе се нормализираат. Овие трагедии претставуваат дел од глобален напад на човековите права, поттикнат од стравот, поделбите и систематското задушување на отпорот.

-Уништувањето на училиштата, болниците и хуманитарните коридори е шокантен доказ за игнорирање на меѓународното право и светоста на животот. Овие злосторства повикуваат не само на осуда, туку и на решителни и координирани напори за носење на сторителите пред лицето на правдата и спречување на понатамошни кршења на човековите права и слободи, вели Дерала.

Според Мика Бојстер, претседател на германска унија на новинари образованието, медиумската писменост и граѓанското учество остануваат клучни алатки за борба против пропагандата, омразата и екстремизмот.

Биљана Јордановска од ЦИВИЛ истакна дека, покрај конференцијата ќе се одржи и изложба на фотографии на тема „Одбрана на демократијата: 25 години ЦИВИЛ“.

„Тоа ќе бидат само мал дел од фотографиите преку кои ќе се илустрира работата на ЦИВИЛ во изминатите 25 години. За жал, во 2017 година, канцеларијата на ЦИВИЛ беше нападната и беа одземени повеќе хард дискови и лаптоп компјутери во кои имаше архива на ЦИВИЛ. Истрагата на МВР сè уште трае“, изјави Јордановска.

Дијана Тахири од ЦИВИЛ информира дека конференцијата ќе биде на три јазика, англиски, македонски и албански и ќе може да се следи во живо на Фејсбук и Јутуб страницата на ЦИВИЛ.

„Во ЦИВИЛ работи 24 часа мала неуморна машинерија (активисти) кои прават големи работи за демократијата,“ рече Тахири.

Конференцијата, според учесниците на средбата со медиумите, претставува само дел од големата меѓународна иницијатива за одбрана на демократијата и човековите права, која стартува токму во главниот град на Северна Македонија, Скопје.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ