Ова е кратка видео разгледница од само еден мал дел на Автокоманда, населба во Скопје, направена на 27 септември 2024 година. Овие снимки не се исклучок, туку се редовна глетка низ главниот град на земјата, а како што и порано известуваше ЦивилМедиа, низ целата земја. На почетокот на септември, ЦивилМедиа објави за говорот на омраза што го краси и киното во скопската населба Маџари.
„Смрт за Шиптари“, „Крв и чест“ (неонацистичка мрежа), „Аркан“ (воен злосторник) и веднаш под тоа „Македонија на Македонците“ – ги красат ѕидовите на зградите и автобуските станици во оваа густо населена урбана населба во Скопје.
Прилогот го подготви репортерскиот тим на ЦивилМедиа.
Имате фотографии и видео снимки со екстремни политички пораки? Испратете ги во порака на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ (линк).