• Latest

Скратена постапка за пролонгирање на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

April 3, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Скратена постапка за пролонгирање на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

April 3, 2018 15:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со 59 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 40. седница, го поддржа носењето по скратена постапка на Предлог-законот за пролонгирање на изградбата на делницата Кичево-Охрид за три и пол години.

Предлогот предвидува склучување анекс кон Договорот за изградба на делницата Кичево – Охрид со цел продолжување на рокот за изградба до 30 јуни 2021 година, а неговото донесување по скратена постапка од пратениците го побара министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Тој рече дека се неопходни препроектирања кои ќе го зголемат обемот на работа и ќе предизвикаат финансиски импликации.

Анексот, истакна Сугаревски, се однесува само на продолжување на рокот за изградба, а не и на дополнителните средства зашто за нив ќе се прави дополнителна проценка.

–  Бараме да се склучи анекс договор според кој крајниот рок за доизградба на автопатската делница Кичево – Охрид ќе биде 30 јуни 2021 година. Потребата од продолжување на рокот се јавува поради неусогласеност на проектната документација со условите на теренот и променливата геологија која не одговара со предвидената во проектот. Потребно е препроектирање на сите усеци, на повеќе мостови, потпорни ѕидови, надпатници, подпатници, комплетна проектна документација за девет клучки, како и изработка на проектна документација за позиции кои не биле предвидени во основниот проект, а морале да се предвидат заради неопходно и правилно функционирање на автопатот, објасни министерот.

Владата на 20 март годинава го усвои првиот анекс на договорот со кинеската компанија Синохидро со кој рокот за градба се пролонгира за три и пол години.

На 40. седница чиј дневен ред беше усвоен по точката за автопатот Кичево – Охрид, има повеќе од 60 предлог-закони. Седницата, како што најави спикерот Талат Џафери, ќе продолжи во 16 часот.

Собранието претходно одржа три седници на кои беа поддржани околу 40 закони, сите во прво читање.

[divide]

извор: МИА

Tags: КичевоМакедонијаОхрид
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ