Следниот премиер на Канада, Марк Карни, вети дека ќе ја добие трговската војна против американскиот претседател Доналд Трамп, откако победи во трката за наследник на Џастин Трудо, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
„Американците не треба да грешат: во трговијата, како и во хокејот, Канада ќе победи“, им порача на приврзаниците поранешниот гувернер на Банката на Англија.
Карни, кој ќе положи заклетва како премиер во наредните денови, вети одмазднички тарифи за американските стоки додека „Американците не покажат почит“
59-годишникот, кој никогаш не бил на избрана функција, лесно ја доби лидерската трка со 86% од гласовите
Карни најверојатно ќе објави брзи општи избори, и иако разликата се намалува со конзервативната опозиција, анкетите покажуваат дека тие сè уште се во водство
Трудо поднесе оставка во јануари по деветгодишен период во оваа улога.
Подготви: Д. Мишев