Слободна зона денеска со Џабир Дерала и Џевдет Хајредини:
„Антизападната пропагандна „братија“ која не знае колку пари има, сосе трол фабриките со евтина работна сила, долгогодишните клиенти на македонските политичко-криминални моќници и корисните идиоти кои бесплатно им ја вршат работата на пропагандистите на социјалните мрежи, имаат јасни цели, одлично разработен систем и досега се релативно успешни.
Велиме релативно успешни, бидејќи не им успева да ги сопрат демократските и интеграциските процеси во целост, туку само да ги успорат и привремено да ги блокираат. Сепак, не може да им се одрече дека се прилично успешни во продлабочувањето на поделбите и внесувањето страв и несигурност. Тоа им е барем лесно“, пишува Џабир Дерала во Пиштолот наполнет со омраза
„Сè додека може, ДУИ нема да дозволи промени на постојниот изборен модел. Постојано и без крај ќе бара „широки консултации“, „консензус“ и „длабоки и сестрани анализи“. Со било кој друг изборен модел, ДУИ не ќе може за пратеници да кандидира лица што не знаат да работат ни како молери, или дури и 20 години на седница на Собранието да не побараат збор“, поентира Џевдет Хајредини во „Нема парламентарна демократија со пратеници – партиски платеници“