Слободна зона на ЦИВИЛ денеска со Дерала и Селими
„Луѓето се навикнаа да ги гледаат политичките партии како бироа за вработување, бидејќи ним не им значи многу како се формулираат политиките и како се практикуваат законите, договорите и принципите, туку голата егзистенција. Ако политичарите не се доследни, одговорни и транспарентни, ако само формално ги исполнуваат обврските, а вредно работат на задоволување на теснопартиските интереси и зацврстувањето на националистичките позиции и наративи, на „обичните смртници“ не им преостанува ништо освен да се прилагодат на диктатот на политиката и да ги собираат трошките од подот. Па, што биде, нека биде“, пишува Џабир Дерала во „Кога решението ќе стане проблем“
„Македонците, огромното мнозинство од нив, сè уште се водат од мислата дека Македонија е држава на Македонците. Овој менталитет кај нив произведува чувство на надмоќ кон Албанците и другите етникуми, хранејќи ги со идејата дека тие се единствените и легитимни сопственици на државата, којашто Албанците сакаат да им ја одземат. Следствено, ова го храни стравот од губење на статусот на привилегирани, произведува албанофобија, и во многу случаи, со изразени нијанси на шовинизам“ пишува Сефер Селими во колумната „30 години независност, 20 години Охридски рамковен договор – каде е Македонија!?“