Слободна зона на ЦИВИЛ денеска со Петрит Сарачини:
„На 17 мај се случи обединувањето на различните, наспроти оние што владееја цела деценија постојано делејќи ги граѓаните по речиси сите основи. Луѓето во земјата, без оглед на етничка, верска, идеолошка, сексуална и друга припадност излегоа масовно на улица, како никогаш пред тоа, и покажаа дека огромно мнозинство на народот во земјата сака да гледа кон заедничка иднина, а не кон поделбите и минатото. 17 мај е ден на врзувањето на знамињата, појава која се случуваше спорадично на некои од антирежимските протести, но која експлодираше како масовна порака токму на тој ден“, вели Петрит Сарачини во „Зошто треба да сме горди на 17 мај?“
„Коњски скок“ е назив за операцијата Rösselsprung (потег во шахот) со која германскиот Вермахт, во соработка со усташите и четниците, се обиде да го зароби или ликвидира Јосип Броз Тито, на 25 мај 1944 година. Во југословенската историографија, операцијата е позната и како „Десантот на Дрвар“. Познат е и истоимениот југословенски црно-бел филм од 1963 година“, Џабир Дерала во анализата „Десант за уривање на Зоран Заев“
„Газдата остануваше да спие во ново изградениот дом, зошто е можно утредента да го посетат од општината и да запишуваат нешто во црвените тетратки и намрштено постојано да повторуваат – ќе мора да срушиш сам или ние ќе рушиме, а ти ќе ги платиш трошоците. Имаше и стресни состојби кога се рушеа неколку тули од ќошињата, но горе доле сѐ со тоа завршуваше“, вели Војо Маневски во колумната „Дивоградби“
„Претседателот на државата Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти изгласан од Собранието на Република Северна Македонија во мај 2021 година.
Со право.
И со многу издржано образложение“, вели Мијрана Најчевска во „Франсис Бекон во нашето маало“