Во изминатото деноноќие, медиумската платформа на ЦИВИЛ објави два текста во рубриката Слободна зона, резервирана за мислења, ставови и анализи. За ЦИВИЛ пишуваa Нафије Далиби и Џабир Дерала.
„Ме примија, почнаа првите часови на албански јазик, јас само молчев и ги слушав предавањата без ништо да ги разбирам што предаваат и зборуваат. Ми беше многу тешко, се чувствував дека сум поразлична од останатите. Ми беше досадно и за миг посакав да се откажам од својата желба да учам во тоа училиште. Но, токму тогаш кога бев решена да се откажам, се појави муфтијата и ни одржа предавање, но додека зборуваше забележа ученичка (мене) која не го разбира албанскиот јазик, и во тој момент почна да предава на македонски јазик. Тоа ми даде сила и поттик да останам во тоа училиште. Веднаш потоа се запишав на шестмесечен курс по албански јазик и откако го завршив курсот веќе знаев да зборувам и да пишувам, потоа беше лесно да учам и за одговарам на албански јазик“ пишува Нафије Далиби во „А што има лошо во тоа да си различна… “
„По толку пролеана крв, невидени ѕверства и безумие на Балканот, време е да им кажеме на сите „лудаци“ дека не се пожелни и дека треба да одговараат. И да го вратат имотот што и онака не го заработиле! За тоа што го преселиле во САД, веќе се погрижи американскиот претседател„ пишува Џабир Дерала во „Црвен картон за националистите, воените хушкачи и криминалците во политиката“.
Ирена Крџиќ