Во изминатото деноноќие, медиумската платформа на ЦИВИЛ објави три текстови во рубриката Слободна зона, резервирана за мислења, ставови и анализи. За ЦИВИЛ пишуваа колумнистите Александар Николиќ Писарев и Дехран Муратов.
„Јелица Миниќ, претседателка на Европското движење во Србија, во ексклузивен разговор за ЦИВИЛ МЕДИА, вели дека оживувањето на старите сеништа за прекројување на постјугословенските простори и враќање на „европски монархии“ е најавено на големи ѕвона. Меѓутоа, постои еден документ кој според нејзино мислење е многу поопасен и посериозен.
Миниќ упатува на едно предавање на Тимоти Лес, водечки истражувач во Центарот за геополитика на универзитетот во Кембриџ, а кој претходно извршуваше важни дипломатски должности во нашиот регион. Во октомври 2019 година, Лес на Кембриџ одржа предавање кое е, всушност, опширна елаборација на идејата која сега се појавува во регионот и Европа во форма на Јаншиниот „нон пејпер“.
„Тој документ треба многу повеќе да нè загрижи бидејќи укажува дека оживувањето на старите сеништа за прекројување на границите на Балканот не е игра и импровизација или пробен балон, туку многу сериозен концепт во кој учествуваат многу важни надворешни актери“ – коментира Миниќ.“ – извадок од вториот дел од анализата на Александар Николиќ Писарев Сеништа на минатото
Првиот дел од анализата можете да го прочитате ТУКА.
„На изминатите избори во преден план беше црната кампања, говорот на омраза, лажните вести и дезинформациите. Според развојот на настаните, и на овие избори не се очекува да биде нешто поразлично, напротив, кампањите (веројатно) ќе се водат со исто, па дури и засилено темпо. Одредени „левичарски“ и „десничарски“ структури/здруженија/политичари/симпатизери… постојано се обидуваат преку лаги и дезинформации да дискредитираат граѓански организации, активисти, интелектуалци… кои не им се по ќеф, односно кои ги демаскираат и им ги разобличуваат нивните црни пропаганди.“, пишува Дехран Муратов во колумната Помина ерата на „раздели, па владеј“!https://civilmedia.mk/pomina-erata-na-razdeli-pa-vladej/