ЦИВИЛ – Центар за слобода преку проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ денеска со активности во центарот на Тетово, со почеток во 14:30 часот. Проектот има за цел на јавноста и на институциите да им се обезбеди динамична размена на информации, ставови и анализи. На овој начин, ЦИВИЛ ќе придонесе и за јакнење на слободата на изразување и на медиумската писменост.
Дел од активностите во проектот се 88 јавни настани и теренски активности за промоција на проектот и за граѓанска едукација за човекови права и слободи, вклучувајќи го и гласачкото право.
Граѓанки и граѓаните на инфо-штандот во центарот на градот можат да се запознаат со проектните активности и да се информираат на лице место како да бидат дел од тимот на ЦИВИЛ, но и како да дадат свој придонес во медиумската продукција со навремено и објективно информирање.