ЦИВИЛ продолжува со теренската работа со проектот Слободни медиуми за слободно општество. Со информативен штанд на градскиот плоштад и средби со граѓанките и граѓаните, медиумите и граѓанското општество, тимот на ЦИВИЛ денеска е во Куманово од 14 часот.
Како дел од проектот, ЦИВИЛ работи на проширување на мрежата на соработници од целата земја, а според планот на имплементација, ќе одржи 88 помали и поголеми настани и теренски активности, не сметајќи ја секојдневната медиумска продукција.
Со овој проект, ЦИВИЛ ќе даде придонес во повеќе комплексни области во тешкиот период на транзиција и демократизација. Со искусен тим, прекален во годините на предизвици, ќе се создаде и артикулира слободен и безбеден простор за динамична размена на информации, ставови и анализи, кои ќе им се понудат на јавноста и институциите. Воедно, проектот ќе даде голем придонес кон политичкиот и општествениот дијалог, јакнење на слободата на изразувањето и медиумската писменост на граѓанките и граѓаните.