• Latest

Сложено име напишано на македонски, можно решение според Грција

January 8, 2018

ХРВАТСКА ПОСТИЗБОРНА ПАНОРАМА: Кој слави, а кој анализира?

June 4, 2025

(ВИДЕО) ДУПЛО ЕСПРЕСО со Драган Мишев и Џабир Дерала: Зошто не беа успешни преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул?

June 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Руските пропагандисти поделени помеѓу потценување на украинската операција „Пајажина“ и упатување закани со нуклеарен напад 

June 3, 2025

24 ЧАСА: Пратениците се попишманија – нема да забранат протести пред Собрание; Марта Кос бара од Скопје и Софија да најдат решение; Украинците го минираа Кримскиот мост

June 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на YTN

Излезните анкети предвидуваат победа за опозицискиот кандидат Ли Џе-мјунг на претседателските избори во Јужна Кореја, по хаосот околу импичментот

June 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска

June 3, 2025
Фото: ВИ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за јавните караници меѓу Данела Арсовска и Христијан Мицкоски?

June 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Безбедносната служба на Украина (СБУ)

СБУ на Украина повторно напаѓа: Минирани и оштетени подводните потпори на Кримскиот мост

June 3, 2025
фото: Фејсбук Курто Дудуш

Лимани: Доделени 26 нови грантови за развој на социјални услуги на локално ниво – грижа што стигнува до секој дом

June 3, 2025
Фото: профил на чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски на Х

Чешкиот министер за надворешни, Липавски за рускиот „меморандум“: Нацистите го сакаа ова во 1938 година

June 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сложено име напишано на македонски, можно решение според Грција

January 8, 2018 11:32
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Сложено име со одредница во кое е содржан треминот Македонија, но напишано на македонски јазик без превод на другите јазици, во грчкиот печат се споменува како можно решение за долгогодишниот проблем што го има Грција со нашето уставно име.

Како конкретен и евентуален предлог во вчерашните текстови на новинарите од телевизиите „Скај“ и „Антена“, од весниците „То Вима“, „Катимерини“ и „Естиа“, преовладува името „Нова Македонија“, токму како што се изговара на македонски. Ваквите предвидувања и анализи на грчките новинари во голем дел се базирани на изјавата на лидерот на Независни Грци, по мини министерскиот совет во премиерската палата.

Панос Каменос, во четвртокот, како што тогаш пренесе МИА, рече дека останува на неговите позиции, потенцирајќи дека „грчкиот термин Македонија е цврста национална позиција“.  Токму придавката „грчкиот“, пред  зборот „термин“ е она што прави разлика во однос на досегашните изјави на коалицискиот партнер во грчката влада. Каменос во минатото, најчесто говореше за неприфаќање на употребата на „терминот Македонија“.

„Нова Македонија“ без превод, како што јавува дописникот на МИА од Атина, веќе извесен период во новинарските кругови во Грција се споменуваше како можен конечен предлог на Нимиц, но без да постои некаква потврда или пак аргумент што би ги оправдал овие тврдења. Сега, изјавата на Каменос беше доволна медиумите во Грција да започнат со анализи и предвидувања.

„Веројатно, за грчката страна, излез би било словенскиот превод на терминот Македонија“, напиша „Катимерини“ по завршувањето на состанокот.

За „Нова Македонија“, но како име со превод на други јазици, прва објави грчката телевизија „Стар“ минатиот месец, токму на денот кога требаше да се одржи првата средба на Нимиц со претставниците на двете земји, но беше одложена за следниот ден, поради лошите временски услови и неможноста да се стигне во Брисел. Новинарката од „Стар“ тврдеше дека тоа е името што доминира и името што се наоѓа на масата во Брисел.

Според извори од Министерството за надворешни работи, грчката страна е позитивна за можно име Вардарска Македонија или Нова Македонија, пишува грчката телевизија Скај на нејзиниот сајт, а при тоа, двете имиња ги објави како што се читаат на македонски, а не преведени на грчки.

„Нова Македонија“, на македонски го изговори и лидерот на грчката партија „Сојуз на Централисти“ во интервју за грчка телевизија, споменувајќи го како постигнат договор меѓу двете земји.

– Работата оди кон Нова Македонија. Тоа е веќе договорено, рече за телевизијата „Епсилон“, Василис Левендис, претседателот на „Сојуз на централисти“, партијата која на последните избори во Грција прв пат влезе во Парламентот.

Весниците „То Вима“ и „Естиа“ и телевизијата „Антена“, излегоа со слични анализи дека името можеби ќе биде напишано на македонски, без превод на други јазици.

„То Вима“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека името можеби нема да  содржи географска одредница и можеби би било напишано на кирилица. Во тие рамки, според весникот, е и името „Нова Македонија“.

„Естиа“, пак, дали намерно или по грешка, јавува дописникот на МИА од Атина, наместо „Нова Македонија“, го објави името „Новамакедонски“, слеано напишано, со грчки букви, но како што се чита на македонски јазик.

– Според последните достапни информации, господинот Нимиц обработува едно решение кое ја задоволува Грција во делот на името, на иредентизмот и (делумно) во делот на употребата на новото име за сите, но ќе признава македонски идентитет, македонска националност и македонски јазик за Скопјаните. Предложеното име, како што го има претставено „Естиа“ е „Новамакедонски“, едно име, без превод и напишано на кирилица, објави весникот „Естиа“ и објаснува дека новото име би било во сите пасоши, лични карти, факултетски дипломи, додека пак идентитетот би останал непроменет.

Овие информации од весникот, ги презеде и грчката телевизија „Антена“ во централното издание на вестите, со коментар дека име на кирилица би можело да биде евентуалното решение.

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрцијаимеМедиумипредлозиспор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ