Јавното претпријатие „Службен весник“ излезе со соопштение по повод објавата на Законот за јазиците и Законот за ратификација на Конечната спогодба, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.
Од “Службен весник“ се повикуваат член 52, став 2 од Уставот кој вели: „Законите влегуваат на сила најрано осмиот ден од денот на објавување, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето“. Тие сметаат дека објавувањето е во согласност со Уставот и законите иако претседателот Иванов не се потпиша на законот.
Со оваа објава албанскиот јазик станува службен јазик во институциите, ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената на сите постапки на граѓаните пред сите органи кои ја сочинуваат државната власт. Овој закон ги обрзува судовите, јавните обвинителства и сите други институции, органи и тела да овозможат користење, употреба и примена на кој било до слжбените јазици и нивните писма во своите постапки.
Ј. М. П.