• Latest

„Службен весник“: Талат Џафери е нов претседател на Собранието!

May 9, 2017
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Службен весник“: Талат Џафери е нов претседател на Собранието!

May 9, 2017 10:32
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Службеник весник“ доцна синоќа, во најновиот број, ја отпечати Одлуката со која парламентарното мнозинство на 27, април, 2017 година, на „црниот четврток“, го избра и изгласа пратеникот на ДУИ, Талат Џафери за нов претседател на Собранието на Република Македонија. Со потврдата на легитимноста на изборот на Џафери, прекинува мандатот на претходниот парламентарен спикер, Трајко Вељаноски, што значи дека седниците во иднина ќе ги закажува новоизбраниот претседател на Собранието.

Објавувањето на оваа Одлука во „Службен весник“ доаѓа 11 дена по изборот на Џафери на продолжената конститутивна седница и пет дена откако дописот со Одлуката, потпишана од заменик генералниот секретар на Собранието, Неџбедин Ибраими и од претседавачите на собраниската седница, Ферид Мухиќ и Горан Мисовски, е испратена до „Службен весник“.

Имајќи го предвид фактот дека легитимноста на Одлуката се заокружува со нејзиното објавување во „Службен весник“, според досегашната практика биле печатени и вонредни изданија, но тоа не беше случај овој пат, така што Одлуката „чекаше“ во фиока неколку дена, до синоќа.

Следниот чекор на патот кон конституирањето на новата власт, е во рацете на претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Спикерот Џафери треба да го извести Иванов, а тој како што соопштија од неговиот кабинет, по средбата со Хојт Ји, ќе постапи согласно со Уставот и востановената практика. Следниве 10 дена, претседателот Иванов треба, според очекувањата, мандатот да му го додели на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, којшто ја има довербата да биде мандатар на новата влада.

Изборот на Џафери за нов собраниски спикер, го следат настаните од „крвавиот“ четврток, што ќе останат запишани во современата македонска историја. Неколку илјади граѓани, пред сѐ членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, членови на иницијативата „За заедничка Македонија“, беа пропуштени од собраниското обезбедување. Во налетот на гнев и омраза, а истрагата ќе покаже дали и по претходно сценарио, повредија пратеници и новинари, што со вклучени камери вршеа и директен пренос од оваа голгота. Меѓу нив, најтешки повреди добија лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а особено лидерот на ДР на ДПА, Зијадин Села, којшто поради здобиените тешки повреди, десетина дена беше на болничко лекување во Тетово.

Во МВР и Јавното обвинителство во тек се истражни постапки за сторените кривични дела против бројни демонстранти од редовите на иницијативата „За заедничка Македонија“, меѓу нив и поранешни сторители на кривични дела, со издржани затворски казни и добро познати на МВР.

Моника Талеска

Tags: „Службен весник“IvanovВелјановскиЗаевИбраимиМВРМисовскиМухиќОЈОСелаХојт ЈиЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ