• Latest
Фото: Цивил Медиа

Смртта на Навални невидлива за македонската интелектуална и невладина сцена

February 20, 2024

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Смртта на Навални невидлива за македонската интелектуална и невладина сцена

February 20, 2024 14:30
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Цивил Медиа

Фото: Цивил Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Илјадници слободоумни, правдољубиви и демократски настроени граѓанки и граѓани протестираат по смртта на Алексеј Навални пред руските амбасади ширум светот. Дури и во соседна Србија, традиционален воено-политички сојузник на Русија и најголем поддржувач на политиките на Путин на Балканот, стотици луѓе во Белград се одважија и се собраа во петокот, 16 февруари пред руската амбасада за да изразат револт и сочувство по смртта на рускиот опозиционер и борец за човекови права.

Вчера, пред руската амбасада во Скопје на повикот на Цивил – центар за човекови права и слободи, да се изрази протест за смртта на рускиот борец за демократија и човекови права, кој беше „умрен“ од режимот на Путин во сибирскиот гулаг, се појавија само 6 ( со зборови – шест), сите активисти на организацијата, и неколку ТВ екипи. Од 15.000 регистрирани граѓански  организации ,од кој најмалку 50 од нив според своите статуси се декларираат како активистки и активисти,  борки и борци за човекови права, не дојде ниту 1 ( и со зборови- еден).

Целосен молк. Прегласна тишина која покажува колку (не) им значи поддржувањето на нивниот руски колега во борбата за човекови права и неговото повеќегодишно малтретирање, труење, апсење , газењето на неговите човековите права, што на крајот резултираше со неговата режирана смрт.  Дали во своите буџети немаат предвидено ставка за поддршка за борците за човекови права кои се репресирани низ светот, па откако за тоа не им легнаа средства од донаторите на нивните сметки, па проценија дека, ако е бесплатно, нема потреба да се организираат, ниту пак да се приклучат на повикот за протест против виолаторите на човековите права, па решија дека е одобро да си го испијат кафенцето на раат во удобните канцеларии или околните кафулиња.

Впрочем, далеку е Русија, нели, а уште подалеку затворот на рускиот Арктик каде што почина Навални, па плимата на протести ширум Европа и светот по повод неговата смрт, едноставно  пресуши  додека да стигне до тука. Сушата на поддршка за Навални и осуда на злосторничкиот путинов режим завладеа и кај македонските интелектуалци, па ако досега бевме навикнати да даваат свое експертско мислење за се и сешто, реакциите овој пат изостана. Забележливо е и отсуството на поддршка од не така малкуте жртви на политичките прогони во земјава, кои беа мета на репресија, монтирани судења и драконски осудувани во времето на овдешните мали диктаторчиња и путинчиња, оние во чија поддршка излегувавме на улиците и ние, и како активисти, и како луѓе со морален интегритет. Било, поминало, се „ухлебиле“ и се заборавило.

А можеби сите тие борци за човекови права, овие две години откако трае руската агресија врз Украина, се уште калкулираат чии (човекови) права е поисплатливо да ги застапуваат, и дали (или не) и воопшто да ги бранат.

Истовремено, разно разни здруженија и организации кои земаат големи пари од донатори за „наводно“ да се борат против ширењето на руската малициозна пропаганда во земјава, со игнорирањето на ваков флагрантен чин на кршење на човековите права од руските власти, само го потврдуваат обратното од она за кое се (пре)платени-руската пропаганда победува, и нејзиниот репресивен режим не е осуетен и осуден во Северна Македонија.

За незаинтересираноста и млаката реакција на медиумите ( чест на исклучоците, пред се тука морам да ги споменам АлсатМ, МРТ2, и изненадувачки МРТ1, ВОА, РСЕ) од кои некои веќе Мониторинг тимот на Цивил ги разобличи како директни учесници во ширењето на руската пропаганда, некои финансирани со „маџарско“ маслиново масло, некои управувани од газди зависни од руски гас.

Најверојатно дека текстов ќе ја разгори суетата и ќе предизвика канонада негативни реакции кај прозваните во него,  но стојам цврсто во одбрана на напишаното, исто како што гордо стоев исправено со маичка „Je suis Navalny“ пред руската амбасада заедно со моите Цивилки и Цивили.

„Само“ вас ве немаше.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Tags: Алексеј НавалниМедиуминевладини организациипротесно писмоЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ