• Latest

СНС однесе голема победа на изборите за Белград

March 5, 2018

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СНС однесе голема победа на изборите за Белград

March 5, 2018 08:09
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Според прелиминарните резултати на невладините организации ЦЕСИД, ЦРТА и ИПСОС кои ги следеа изборите за Собранието на градот Белград, врз основа на 99 отсто пребројани гласови за 24 изборни листи, изборната листа на Српската напредна странка (СНС) -„Александар Вучиќ-затоа што го сакаме Белград“, освои 44,9 отсто гласови или 63 одборници во градското собрание на Белград кое брои 110 одборници.

И самиот лидер на СНС Александар Вучиќ на прес конференција синоќа прогласи победа на изборите за главниот град на Србија или како што кажа „ова е најдобриот резултат досега што некој го има освоено“.

Според тие резултати СНС која на изборите настапи во коалиција со Социјалдемократската партија(СДП) на Расим Љаиќ, ПУПС на Милан Кркобабиќ и други помали партии, освои апсолутно мнозинство во градското собрание на Белград и можност сами да го изберат новиот градоначалник на Белград или според Вучиќ-„новиот градоначалник ќе се знае за 50 дена“.

Втори според овие прелиминарни резултати се гласовите за Драган Ѓилас и изборната листа подражана од Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Саша Јанковиќ, Народодната странка (НС) на Вук Јеремиќ и Левицата на Србија на Борко Стефановиќ со освоени  18,8 отсто гласови или 26 мандати.

Претседателот на општината Нови Белград-Александар Шапиќ, кој настапи самостојно, освои 9,3 отсто или 13 одборници, а Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ (СПС) освои 6,1 или 8 мандати.

Сите останати изборни листи и партии, меѓу кои и Драган Шутановац од Демократската странка (ДС доживеа дебакл со освоени 2,2 отсто) -не успеаа да го поминат изборниот цензус од пет отсто со што немаат да имаат свои одборници во Собранието на градот Белград.

Така коалицијата на Движењето Доста Беше (ДЈБ) и Двери имаат освоено 3,8 отсто, Движењето „Да не го давиме Белград-3,5, Радикалите на Шешељ- 2,4 и Љубиша Прелетачевиќ Бели- 2,3 отсто освоени гласови.

Според ЦЕСИД и ИПСОС излезеноста на градските избори изнесува 51,1 отсто.

Опозицијата и невладината ЦРТА по затварањето на гласањето обвинија за бројни неправилности или според ЦРТА шест отсто од гласачките места, а според ДС 30 отсто  што според нив може да има влијание на конечниот исход од гласањето. И второпласираниот според бројот на гласови Драган Ѓилас по изборите изјави дека „тие се одржани во длабока недемократска и нерегуларна атмосфера, со повеќе неправилности“.

СНС на Александар Вучиќ победи и на локалните избори во Аранѓеловац, Бор и во Севојно.

Градската изборна комисија има законски рок да ги објави конечните резултати од градските избори во Белград во рок од 24 часа од затварањето на гласачките места-или утре до 20.00 часот. Започнат е и рокот за приговори и жалби на изборниот процес.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Белградлокални избориСНССрбија
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ