• Latest

СЈО ја прими одлуката за целосно повлекување на аболицијата

June 9, 2016

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

СЈО ја прими одлуката за целосно повлекување на аболицијата

June 9, 2016 14:32
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство во денешното соопштение за јавноста, наведува дека поништувањето на Одлуките за помилување кои беа донесени од претседателот Ѓорге Иванов се примени, и по истите веќе се постапува. Како што стои во соопштението до Апелациониот суд Скопје е доставен писмен предлог да се укине Решението на Основниот суд Скопје 1 и кривичната постапка по предметот, во јавноста познат како „Пуч“, да продолжи.

“По однос на истражните и предистражните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство, Ве известуваме дека истите продолжуваат, при што, зависно од фазата во која се наоѓа конкретниот кривичен предмет, ќе бидат преземени соодветни истражни и други дејствија спрема сите лица за кои постои основано сомнение или основи на сомнение за сторено кривично дело”, појаснуваат од СЈО.

DSC_0324

СЈО ја информира јавноста за предметите кои се во истражна постапка. “Во предметот ‘Титаник’, постапката продолжува против сите осомничени лица, во предметот ‘Тортура’  поднесени се предлози за определување мерка за претпазливост против шест лица, во предметот  ‘Тврдина’ поднесен е предлог за определување мерка притвор против едно лице како и предлог за определување на мерки за претпазливост против четири лица.  Во врска со предметот во јавноста познат како ‘Транспортер’, донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, а поднесен е и предлог за определување на мерка притвор против истото лице. Во врска со предметот ‘ТНТ’, донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против три лица, а поднесени се и предлози за определување мерка за претпазливост против истите 3 (три) лица”, се наведува во соопштението.

Како што информираат од СЈО, листата на ангажирани експерти, ќе биде објавена во вториот шестмесечен извештај за работата на Овинителството.

 

 

Tags: аболицијаМакедонијапостапкаСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ