• Latest

СЈО го демантира ВМРО-ДПМНЕ, вработените бараат правда за сопственикот!

March 16, 2017

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СЈО го демантира ВМРО-ДПМНЕ, вработените бараат правда за сопственикот!

March 16, 2017 15:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство во соопштение до јавноста ги демантира обвинувањата што денеска ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ, во однос на нивната работа, поврзано со одуката за притвор на сопственикот на ТВ „Нова“, Сеад Кочан.

„Најостро ги демантираме наводите за поврзаност на ова Јавно обвинителство со СДСМ, искажани во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа пригода, укажуваме дека Јавното обвинителство, како независна и професионална институција, е формирано со Закон за кој во Собранието на Република Македонија, гласаа вкупно 111 пратеници, вклучително и пратениците од партијата ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на СЈО.

Катица Јанева

Претходно, ВМРО–ДПМНЕ го обвини СЈО за блиски релации во својата работа со СДСМ.

„Овој чин е обид за задушување на демократијата и на медиумските слободи во Македонија. Овој чин ќе биде сериозен удар врз медиумските слободи во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да остане рамнодушна на ваквата политика на СДСМ, која како поразена на изборите – не дошла на власт, но преку СЈО, каде што е на власт од првиот ден на неговото формирање, веќе практикува крајно недемократско владеење, задушување на медиумските слободи, кршење на законите и погазување на демократијата“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ им се закани на судиите – „независно дали се под притисок на СДСМ или, пак, од која било причина сакаат да го задоволат Зоран Заев и неговиот сценарист, дека треба да работат во согласност со законот и со Уставот и дека не смеат да се претворат во политичка алатка на СДСМ и на СЈО. Секое незаконско работење ќе подлежи на одговорност и секој во оваа држава треба да е еднаков пред законите, вклучително и судиите“. Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека доколку СЈО продолжи да бара притвор за бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на ТВ „Нова“, партијата ќе преземе мерки, што би значеле мешање во работата на судската власт.

„Доколку се подлегне на притисокот и на политичките влијанија од СДСМ и незаконски се потврди притвор, сé додека тој трае, ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест – ќе ги преземе сите расположливи политички и демократски мерки и чекори во правец на спречување на недемократско однесување на СДСМ, која е на власт во СЈО и целосно управува со него и го контролира“, предупредува ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека притворот на Кочан би ја продлабочил кризата.

Покрај СЈО, со реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи и СДСМ.

„Паднаа маските на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Соопштението во коешто ВМРО-ДПМНЕ го штити медиумскиот и бизнис-партнер на Груевски, Сеад Кочан, потврдува дека сè што прави оваа партија, има единствена цел, заштита на нивните криминали и лично стекнатите богатства. Секој кој работел противзаконски, мора да понесе одговорност“, пишува во реакцијата на СДСМ.

По објавувањето на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, мала група на граѓан(к)и, според дел од медиумите, вработени во фирмите на Кочан, и припадници на бошњачката заедница, се собраа пред Основното јавно обвинителство, како знак на поддршка на сопственикот. Како што за ЦИВИЛ Медиа изјави Зеќир Рамчиловиќ, пратеник од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нивното барање било „правда и почитување на правните начела и принципи, и донесување на правична, а не политичка одлука“.

Марија Теговска

Дехран Муратов

Tags: ВМРО-ДПМНЕпритворСДСМСеад КочанСЈОсоопштение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ