• Latest

Со граѓански притисок, безбеден сообраќај до Кнежино

September 5, 2016
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Со граѓански притисок, безбеден сообраќај до Кнежино

September 5, 2016 18:27
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на кичевско Кнежино, засега безбедно може да минуваат по локалниот пат за Кичево. Градежната фирма „Гранит“ под притисок на Општина Кичево итно интервенираше, го прошири патот на најкритичните точки каде што свлечиштето однесе повеќе од половина од оваа локална делница, по последните поплави кон крајот на минатиот месец. Оваа интервенција, доаѓа по прилогот на граѓанскиот новинар, соработник на ЦИВИЛ, којшто го лоцираше проблемот, пренесувајќи ги и реакциите на мештаните.

Кнежино
Кнежино

„Веднаш по објавениот текст, преземени се конкретни чекори на теренот. Патот е проширен на две места,покриен со тампон, со што е избегнат ризикот 50-ина жители на селото Кнежино да бидат отсечени од цивилизацијата. Свлечиштето и натаму останува. Тоа е проблем за којшто Општината и државата мора да најдат решение, кое нема да се пролонгира до бескрај“, информира за ЦИВИЛ Медиа, овој пат граѓанскиот новинар од Кичево.

ЦИВИЛ Медиа побара и овој пат одговор од Општина Кичево, кога конечно ќе се реши проблемот. Надлежните во Општината потврдуваат дека по граѓанската реакција и написот во ЦИВИЛ Медиа, надлежните од Министерството за транспорт и врски итно интервенирале.

„Овој е проблем со којшто жителите на с. Кнежино и сите ние како Општина се соочуваме, од почетокот на изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Тогаш прв пат се појави свлечиштето, како последица на градежните активности на автопатот. Изминативе две години,иако побаравме помош за санација, не беа преземени конкретни мерки. Одговорот беше дека експерти од Градежен факултет, ќе подготват трајно решение. Ама, во меѓувреме, а особено по последните силни поројни дождови, состојбата стана алармантна. Свлечиштето однесе половина од патот и веќе немаше време за чекање. Со вашиот медиумски и притисокот на Општина Кичево, дојдовме сите до времено решение. Но, основниот проблем не е решен“, вели Рамиз Реџепи командир на кичевскиот Штаб за интервенција во кризни состојби.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Александар Стојанов, минатата недела беше дециден, дека се додека не се дојде до стручно, техничко решение, што ќе значи отворање нова траса или санација на постоечката, нема да се работи на терен.

Како и да е, останува обврската на ЈП за државни патишта и на Министерството што поскоро трајно да го санираат свлечиштето.

Другата страна на проблемот, го отвора прашањето и за досегашната стручност во изведбата на автопатот Кичево – Охрид. Зашто, свлечиштето е всушност нуспојава од изградбата на оваа делница, која што чини околу 370 милиони евра и е еден од капиталните инфраструктурни проекти на оваа влада.

Трошоците за санација на свлечиштето или за изградба на нова траса како сообраќаен „бајпас“, ќе бидат нов товар за државниот буџет. Според тоа, кој ќе ја сноси одговорноста?!14194250_10210008042655698_415037006_n-1-470x246

Tags: автопатграѓански новинарКнежиноМакедонијасообраќајЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ