Сé понеизвесно е дали до крајот на месецов ќе се формира нова влада, предводена од мандатарот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Главен лик без кого не може да се формира новата влада, засега е Али Ахмети, лидерот на ДУИ. ЦИВИЛ Медиа денес ги праша граѓанките и грѓаните низ Скопје за нивниот став: „Со кого ќе коалицира Ахмети, со Груевски или со Заев“?
Граѓаните се поделени, дел од нив сметаат дека Ахмети ќе состави влада со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бидејќи народот гласаше за промени и дека ќе го почитува изборот на голем дел од албанското население кои гласаа за опозицијата. Дел од граѓаните пак, сметаат дека ДУИ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, но единствено ако се откаже од Платформата која ја потпиша ДУИ со Алијансата за Албанците и со Беса.
„Ако условот на ДУИ е ВМРО–ДПМНЕ да ја прифати Платформата на Албанците, во тој случај, ќе има нови избори и народот ќе одлучи, затоа што Груевски нема да ја прифати Платформата“.
„Платформата е направена колку да ги повратат изгубените гласачи и да излезат како бранители и херои на албанските права. Заев нема што да прифаќа или да одбива, затоа што барањата од Платформата се исполнети речиси целосно и тие функционираат“.
Имаше и граѓан(к)и кои во моментот не ги интересира политика, кои бараат да се исчисти Скопје за да можат слободно да се движат низ градот.
Вулнет Махмути / Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента