Само преку мерката „Купувам домашно”, 26.8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани со цел да се поттикне приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ на граѓаните.
Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени и граѓани кои се приматели на социјална помош.
Преку 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања.
Над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.
Паралелно, преку мерката „Дома си е дома” Владата додели ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едни од најпогодените стопански гранки, стои во податоците соопштени од СДСМ.