• Latest

Со ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ – кредибилни избори во ноември?

July 13, 2016
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Со ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ – кредибилни избори во ноември?

July 13, 2016 11:01
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Решение за актуелната политичка криза, и според граѓанскиот сектор и според меѓународниот фактор, се фер, демократски и регуларни, кредибилни избори, на кои гласачите слободно ќе го дадат својот глас за опцијата во која веруваат. По завчерашната посета на Македонија на заменик државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, како да се враќа оптимизмот дека со политичка волја за реформи, регуларни избори, сепак, може да се случат до крајот на годинава.

Според проценките на претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, кредибилни избори ќе се одржат во ноември, доколку целото општество, со сите капацитети, се избори со политичката корупција којашто ги инфицира сите пори на системот. Според него, во процесот на преговори, покрај лидерите на четирите политички партии од македонскиот и албанскиот блок, треба да бидат вклучени и претставници на цивилниот сектор.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=zKD8lkv7jlE[/youtube]

„Сметам дека политичката корупција е толку длабоко вкоренета во македонското општество, во системот, во институциите, во животот на граѓанките и граѓаните,што може да се искорени, само доколку целото општество, со сите свои капацитети, се вклучи во општествениот процес, којшто ќе придонесе кон нејзиното надминување. За такво нешто да се постигне, не може само четворица да преговараат. Сметаме дека и тоа сме го кажале, не знам колку пати изминатата година, дека граѓанскиот сектор, невладините организации, граѓанските иницијативи, меѓутоа и политичките партии, дури и оние коишто не се парламентарни партии, треба на различни начини да бидат вклучени во овој процес. Бидејќи, ако се ограничи овој процес само на четворица мажи, би требало да очекуваме дека уште повеќе работа ќе имаме и по некои евентуално, приближно фер, демократски, слободни и кредибилни избори“, оценува претседателот на ЦИВИЛ, Дерала..

Избирачкиот список, според оценките на Дерала, може да се прочисти за релативно краток период, но за тоа е неопходна политичка волја. Зашто, само со Избирачки список во рацете на правото и експертизата, а не во канџите на политиката, во Македонија може да се спроведат кредибилни избори.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=seuXUpRzmx0[/youtube]

„Избирачкиот список може да се прочисти и тоа може да се направи во релативно краток рок. Многу експерти со кои ние сме се консултирале, почнувајќи од експертите од Хрватска и завршувајќи со оние во Македонија, луѓе кои што имаат искуство и како претседатели на ДИК, луѓе кои што воделе проекти,кои ги ажурирале избирачките списоци, овој документ е многу важен и тој се ажурира секој ден“, смета Дерала.

„Она што ние го откриваме изминатите неколку години е намерна злоупотреба, манипулација и криминално извртување на овој документ, за да се постигне поинаков изборен резултат од оној што би се добил, кога таквото искривување не би се случило. Тоа сé остава некаква трага. Како што кажа и претставничката на СЈО неодамна дека ‘нема криминал што не може да се открие’. Значи, за сé тоа има траги, електронски, административни…, бидејќи фалсификување на Избирачки список не е мала работа. Тоа бара инволвирање на многу луѓе, на цели служби и има повеќе постапки. Со политичка волја или уште попрецизно, со тргање на политиката од ДИК, ние можеме да очекуваме ефикасно, брзо и многу солидно чистење на Избирачкиот список за многу краток период. Се работи за тоа дека Избирачкиот список во овој момент е во канџите на политиката. Кога ќе влезе во рацете на правото и на експертизата, тогаш може за кратко време, па нека биде и време на одмори,,нема проблем за да се прочисти Избирачкиот список“, оценува Дерала.

Политичкиот аналитичар, д-р Сашо Ордановски ги предвидува развојот на политичките случувања во државата. Тој е со став дека само со ново раководство, ослободено од актуелните политичари, кои се дел од кривичните постапки на СЈО, владејачката партија може да оди на избори.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=-AguI3omCrg[/youtube]

„СЈО до избори ќе излезе со дестина нови случаи, некои ќе бидат потешки од овие досега. Ќе имплицираат веќе имплицирани функционери од власта, ќе имплицираат и нови, замешани во тешки криминали. Досега не добиваме случаи кои се под 3 години затвор. Мислам и дека ќе се зголеми капацитетот и фреквенцијата на работа на СЈО до изборите“, рече Орданоски.

„Мислам дека ќе дојде до промена на раководството во владејачката партија. Прогнозирам дека  ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто има доволен, сериозен капацитет во себе, пред изборите да разбере дека не може да оди со ова  раководство на избори. И затоа предвидувам, иако тоа е ризична работа во Македонија, зашто додека ние се занимаваме со политички предвидувања, имаме криминални структури, па сега треба да вклучите мафијашки експертизи за да успеете нешто да предвидите, дека до изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе има вонреден конгрес, на којшто имплицираните партиски раководства во овој тип на криминал за којшто се обвинети, нема да бидат предводници на партијата за време на изборите. И исто така, предвидувам повлекување на оние обвинети кои што се со најтешки импликации во обвинувањата.Имате функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се со 15 кривични пријави, и, иако сите почитуваме презумпција на невиност, но до изборите некој од нив може да има над триесет пријави! Сериозна партија која има намера да владее и да продолжи да владее и да победи на избори, тој тип на преседан не може да си го дозволи, па дури и кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање“, птенцира Орданоски.

„Сакам да кажам дека не очекуваат неколку густи месеци. Сигурен сум дека странците ќе бидат тесно вклучени во тоа што ќе се случува во Македонија. По вчерашните средби, гледаме кај Американците една зголемена решителност за справување со одредени предизвици. Сигурен сум дека тоа што го кажуваат пред камери не е сé, што го кажале зад камерите, и во таа смисла имам мал оптимизам, во поглед на она што сметам дека ќе се случува. Тоа е наша цел на крајот, а сметам и дека ЦИВИЛ – Центар за слобода доволно коректно го формулира. На крајот, не е важно, ако се изборите фер. Ние треба да дојдеме до точка во која најголем дел од гласачите ќе се чувствуваат доволно слободни да можат да го дадат гласот за тие, за коишто мислат дека треба. Оттука натаму, за кого гласаат, нека му е со среќа“, прогнозира политичкиот аналитичар, Орданоски.


 

Ставовите на Дерала и Орданоски за актуелните случувања и за излезните решенија од политичката криза во којашто тоне Македонија, се презентирани вчера на промоцијата на публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“, како дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, во реализација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Tags: „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“анализаВикторија Нуландизбирачки списокНово раководство на ВМРО-ДПМНЕполитичка корупцијаСашо ОрданоскиСЈОСЛободни избори: Услов за кој не се преговараЏабир Дерала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ