Проектот „Претприемачко учење за млади“, финансиран од ЕУ, преку едукацација и зголемување на претпремничките вештини на младите луѓе, има за цел на долг рок да го намали одливот на таленти од земјава, да ja намали невработеноста и да гo развива претприемништвото во Република Македонија. Во рамки на проектот предвидено е да се реализира Академија за претприемништво во која ќе учествуваат млади претприемачи од Македонија, Романија и Грција.
Како што информираат имплементаторите на проектот, „преку оваа Академија, тие ќе ги развиваат своите претприемачки способности и ќе се запознаат со професионалци од бизнис-секторот, коишто ќе ги информираат за новостите и ќе им го пренесат своето знаење за организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси“.
Овој проект е финансиран од Европската унија преку „Еразмус +“ програмата, а заеднички го имплементираат Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во партнерство со CRYSTALCLEARSOFT од Грција и Sprijin si Dezvoltare од Романија.